The Fashion Awards 2017 – ноќ oбоена во гламур

0

На 4-ти декември се одржа овогодинешното доделување на модни награди – Fashion Awards 2017 во партнерство со Swarovski.

Британската модна фондација – The British Fashion Council Education Foundation промовира извонредност во дизајнот, нудејќи поддршка на идните таленти кои имаат потенцијал да направат исклучителен придонес во модната индустрија.

Токму оваа фондација со чест ги објави победниците на модните награди за 2017та година во партнерство со Swarovski, кои ја препознаваат креативноста и иновативноста во модниот свет.

Настанот се одржа во луксузната Royal Albert Hall палата, на кој присуствува 4 000 гости, вклучувајќи ги влијателните личности од модната индустрија, студентите и членовите на јавноста за да ги прослават исклучителните поединци чија имагинација и креативност поставија нови темели во изминатите 12 месеци.

Royal Albert Hall

Шоуто го водеа Џек Вајтхол и Карли Клос, на кое се доделија 14 награди, од кои 9 беа изгласани од страна на меѓународна група од 2000 стручни лица од светот на модата и 5 награди за специјални признанија.

На секој добитник му беше доделен уникатен кристален трофеј Swarovski, изработен од архитектонскиот дизајнер Џон Паусон.

Кристофер Бејли доби награда за извонредeн придонес во британската мода, неговата феноменална трансформација на Burberry откако се приклучи во 2000 година, претворајќи ја британската компанија во реномиран глобален моден бренд.


Azzedine Alaïa беше прославен поради неговата неверојатна кариера која траеше повеќе од 60 години, признавајќи го како еден од најпочитуваните и уникатните модни куќи во индустријата.

Во прилог погледнете дел од фотографиите објавени на официјалниот инстаграм профил на The British Fashion Council:

@britishfashioncouncil
@britishfashioncouncil
@britishfashioncouncil
@britishfashioncouncil
@britishfashioncouncil

Британската модна фондација – The British Fashion Council Education Foundation е добротворен партнер на The Fashion Awards 2017 во партнерство со Swarovski и нуди стипендии за талентираните млади луѓе да студираат на најдобрите универзитети во Велика Британија, како и можности за финансирање на школување за да развијат потребни индустриски вештини. Британскиот моден совет има за цел да привлече 10 милиони долари во текот на следните десет години за добротворни цели.

Како дел од нивната континуирана и великодушна поддршка, Swarovski вети 300.000 фунти донација на Британската модна фондација – The British Fashion Council Education Foundation пред самата ноќ – со цел модниот свет да продолжи да се шири и надоградува со млади таленти.

Клинете тука за да ги погледнете добитниците на наградите за оваа година, објавени на официјалната страна на Fashion Awards / fashionawards.com

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот