Тежината на простувањето на брачно неверство

0

Неверството, барем она за кое се знае, ги погодува третина од браковите. Понекогаш е само физичка привлечност, но понекогаш се јавува и љубов. Постојат причини заради кои едниот или другиот во врската не може да го прости неверството, колку и да сака.

Брачниот советник, Ендру Маршал, автор на бестселерот „Не можам да му простам на партнерот – 50 прашања за неверство во брак и како тоа влијае на односот“, вели дека најчесто луѓето после неверство, заради децата, заради чувството на вина и разни други работи остануваат во врската. Тој тврди дека простувањето не е невозможна мисија, но само ако се прифатат следниве работи:

cak-i-ako-postoji-zelja-oprost-preljuba-zapinje-zbog-10-stvari-504x335-20141251-20151228154811-bfd3131a3813f0a37fc2ae07d417d2f4

  • Простувањето не е едноставен процес, еден ден партнерот се чувствува одлично, а друг ден може да реши дека односот не во ред и да биде бесен и лут. Тоа се деновите на кои неверниот партенер мора да биде подготвен и да ги истрпи.
  • Изневерениот партнер ќе се обидува да го контролира другиот, сметајќи дека на тој начин ќе изгради доверба повторно. Но, всушност едниствената работа која треба да ја контролира се своите мисли, реакцијата и однесувањето.
  • Тој што изневерил пак, колку и да е контрадикоторно на претходното однесување ќе се обидува да биде човек за пример, ќе остане смирен за време на нападите на другиот, бидејќи тој е грешникот.
  • Колку и да е болно, мора да се соочите со минатото за да продложите заедно во иднина.
  • Одмаздата со иста мера никогаш не е добра одлука, затоа што само ќе направи проблем плус и ќе ве оддалечи многу повеќе.
  • Потребно ќе биде многу време, преговори и енергија за го доведете односот на завидно ниво.

Неверството во сериозна врска е една од најтешките работи кои партнерите можат да ја доживеат. Бракот сам по себе е тежок за управување, затоа не си создавајте дополнителни главоболки од кои нема да може да се решите цел живот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.