TEXAS за прв пат на Балканот!

0

Oдлична вест од Авалон продукција – во Скопје доаѓа една од најголемите британски поп рок атракции на сите времиња TEXAS!

И не само тоа, ова е првпат да настапуваат на балканско тло.

Тие ќе бидат хедлајнери во сабота на 23 јуни, на вториот фестивалски викенд на SKOPJE CALLING 2018 година.

TEXAS до 2018 година имаат продадено албуми во 40 милионски тираж, потоа, неверојатни 13 синглови кои се најдоа во престижната UK топ 10 листа, 3 албуми кои се најдоа на врвот на UK листата и 8 албуми на UK top 10, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година.

Sharleen Spiteri во Скопје ќе ги испее сите свои хитов како „Say What You Want“, „Inner Smile“, „I Don`t Want A Lover“, „Summer Sun“, „In Demand“ .Се на се, не очекува  извонредно шоу за сите генерации.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.