Тетоважите кои вам секогаш ќе ви бидат актуелни

0

Кога ставате тетоважа, треба да бидете максимално сигурни во својата одлука. Последниве десетина години стана тренд да се ставаат тетоважи од мода и ретко гледаме уникатни тетоважи со значење. Но, кога веќе ставате таков украс на телото, внимавајте на неколку нешта и запомнете дека сепак постојат тетоважи кои никогаш нема да излезат од мода.

Најнапред, добро информирајте се за студиото и тату артистот кој ќе ја изработува вашата тетоважа, односно дали има искуство, какво е неговото реноме и дали има апарат за стерилизација на инструментите за работа.

Тетоважите кои секогаш ќе бидат актуелни се токму оние кои за вас имаат некакво значење. На пример, името на вашата ќерка, одреден датум, мото кое ве води во животот, пораката која сакате да му ја испратите на светот, сè она што има некаква симболика за вас. Тетоважата треба да означува одреден важен дел од животот или да потсетува на луѓето за кои би ја дале и душата.

tetovazi (2)

Размислете и за местото на кое ќе ја ставите. Одреден делови на телото се премногу чувствителни и самиот процес може да биде болен. Дали сакате вашата тетоважа да се гледа, затоа што тоа е тренд или ќе ставите тетоважа која нема да предизвикува внимание затоа што означува нешто што вам ви е најбитно?

Имајте на ум дека со ласерската технологија секогаш може да ја отстранете тетоважата, но тоа е болна постапка која остава лузни на кожата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот