Тестирајте се! Одговорите на следните прашања ќе ви покажат во каква состојба се наоѓа Вашиот ум

0

Тестирајте ја својата личност, преку одговорите на следните 3 прашања

Луѓето во денешно време се многу позаборавени отколку порано. Ако порано памтевме цел телефонски имении, сега не можеме да се сетиме ниту на името кое го бараме во мобилниот телефон, а камоли на неговиот број.

Познатиот писател и автор на многу бестселери, Пауло Коелјо, за таа цел на својот блог, објавил тест за утврдување на нивото на деменција. Тестот се состои од три едноставни прашања.

Иако луѓето забораваат , многу е важно да го вежбаат мозокот на ист начин како што тоа го прават со останатите мускули. Во спротивно, тој ќе почне да застојува и полека ќе пропаѓа.

Решавањето на овој тест ќе ви помогне да видите дали сте во кризна состојба или пак сè уште нема простор за паника.

Прашање број 1:

Што ставаме во тостерот?

Одговор:

Леб! Ако рековте тост, честитајте си себеси и почнете да правите нешто друго. Само бидете внимателни, да не се повредите. Ако рековте леб, во тој случај, преминете на прашање број 2.

Прашање број 2

Кажете гласно пет пати по ред „свила“ на англиски – silk

Сега спелувајте го зборот на англиски

И потоа на англиски одговорете – што пијат кравите?

Одговор:

Кравите пијат вода. Ако рековте млеко (milk), не се мачете со следното прашање.

Прашање број 3:

Возите автобус од Лондон до Милфорд Хевн во Велс. Во автобусот, 17 личности влегуваат во автобус.

Во Ридинг излегуваат 6, а девет нови патници влегуваат. Во Свиндон, двајца се симнуваат, е четворица влегуваат. Во Кардиф, 11 го напуштаат автобусот, но 16 нови се качуваат. Во Свенсеи, тројца излегуваат, е петмина влегуваат. Во Камертен шестмина излегуваат, а тројца  влегуваат во автобусот. Стигнувате во Милфорд Хевн.

Без да гледате во претходното напишано, кажете колку години има возачот на автобусот?

Одоговор:

Зарем ги заборавте своите години? Вие го возите автобусот, се сеќавате?!

На крајот, запамтете дека 95% од луѓето паѓаат на овој тест, така што нема потреба од нервоза, само вежбање на умот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.