Тест на личноста: Дали ве води срцето или разумот?

0

Колку сте отворени во искажување на емоциите? Дали сте лесно избувливи?

Вашите реакции во одредени ситуации многу говорат за вашата личност и за тоа колку сте отворени во искажување на емоциите.

Откријте што говорат вашите реакции за вас со тоа што ќе одговорите искрено на следните прашања.

Негативниот одговор на првите десет прашања носи еден поен, а позитивниот нула. Кај останатите прашања добивате по 1 поен доколку вашиот одговор е „да“, а нула за „не“.
1. Дали ви е непријатно кога ќе се расплачете на јавно место?
2. Дали мислите дека солзите се знак на слабост?
3. Дали мислите дека машките деца и мажите не треба да плачат?
4. Дали плачете додека читате некоја тажна приказна или мелодрама?
5. Дали почитувате политичари кои јавно ги покажуваат нивните емоции?
6. Мислите ли дека солзите се непотребни за изразување на емоциите?
7. Кога сте нерасположени, дали тоа го покажувате и во друштво?
8. Дали се чувствувате непријатно ако видите возрасен маж како плаче?
9. Дали ве изненадуваат личности кои не ги забележуваат туѓите солзи или туѓото страдање?
10. Дали по секоја цена се трудите да го сокриете бесот?
11. Кога ќе доживеете нешто непријатно, дали чувствувате вина и дали размислувате дека сте можеле да реагирате поинаку?
12. Дали некогаш сте имале проблем заради вашиот „експлозивен“ карактер?
13. Мислите ли дека е подобро и поискрено ако покажете дека сте лути?
14. Дали им дозволувате на другите да ви помогнат, да ве утешат кога сте тажни и кога плачете?
15. Дали лесно „паѓате во оган“?
16. Дали ви се допаѓа кога некој симпатиите према вас ги искажува преку бакнежи?
17. Дали секојдневно ги допирате и бакнувате оние кои ги сакате?
18. Дали имате обичај да разговарате со вашите најблиски за она што го чувствувате?
19. Дали сакате масажа?
20. Дали се смеете гласно додека гледате „уренбесна комедија“?
21. Дали сте имале или имате домашен миленик за кого сте силно врзани?
22. Кога слушате музика дали цупкате со нога и го пратите риатмот?
23. Дали бурно аплаудирате и викате на концерти или натпревари?
24. Можете ли да се сетите кога последен пат добро сте се забавувавале и смееле со полно срце?

Резултати
повеќе од 20 поени – Опуштени
Такви сте, какви што сте

Имате здрав и позитивен однос спрема покажување на емоциите. Никогаш не ги криете своите чувства и не се срамите да ги покажете солзите без разлика дали станува збор за солзи од среќа или тага. Такви сте, какви што сте и сакате и останатите да ги прифатат вашите мани и вредности. Не се преправате, отворени сте.

Може да бидете повредени токму поради вашата отвореност, сепак во вашиот живот сте опкружени со следат искрени пријателства и љубовни врски.

Од 10 до 20 поени – Дипломати
Зависите од другите

Не сте од оние кои ги сокриваат и негираат чувствата, но сепак ги почитувате правилата на пристојност и се однесувате онака како што налага ситуацијата. Би било добро малку да се опуштите и да се водите според вашето расположение, наместо секогаш да придавате значење на мислењето на околината. Не мора сите да ве сакаат, затоа одлучете кој навистина заслужува да биде дел од вашиот живот.

И не заборавајте, солзите и смеата се лек за душата.

Помалку од 10 поени – Вообразени
Ги криете емоциите

Вие секогаш го криете вашето расположение и емоции, најчесто се преправате дека е се во ред и кога не е. Не го правите тоа намерно туку на потсвесен начин ги сокривате вашите чувства и емоции за да се заштитите себе од потенцијална болка од злобните личности. Сепак, на тој начин можете да ги оддалечите од себе и оние кои ве сакаат, бидејќи ќе помислат дека не сте заинтересирани за нив.

Ако соберете сила и го отворите вашето срце и научите да ги покажувате вашите чувства, ќе ви биде полесно и ќе бидете поздрави.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.