ТЕСТ: Дали е време да ја прекинете врската?

0

Без разлика дали сме во нова или долгогодишна врска, сите сме имале моменти кога сме се запрашале дали постапуваме правилно или треба да раскинеме.

Понекогаш партнерот може да биде совршен на ”хартија”, да имаме исти интереси и вредности или ист круг на пријатели, но да недостасува возбуда и интензивни романтична чувства.

Понекогаш и обратно.

Тогаш, обично се запрашуваме себеси: Што се случува? Дали сум во вистинската врска? Како можам да го дознаам тоа?

Овој лесен, едноставен тест во неколку чекори можеби ќе ви помогне да откриете дали е време да ја прекинете врската.

Прво, треба да направите листа со добри и лоши страни на партнерот. Напишете ги позитивните особини на вашиот партнер во една колона, а веднаш до неа напишете ги негативните особини и се што не ви се допаѓа.

Потоа, едноставно погледнете. Која колона е подолга?

Во прилог, погледнете ја листата на анонимна жена која со помош на овој тест сфатила како вистински чувствува дека треба да постапи:

Добри страни на партнерот:
1. Тој е нежен
2. Има добра работа
3. Тој е финансиски стабилен
4. Тој е романтичен
5. Тој е мил и културен
6. Може да ме насмее
7. Нема претходен брак или деца
8. Ме исполнува


Лоши страни на партнерот:
1. Нема вистински пријатели
2. Тој е анксиозен
3. Не сака да патува
4. Не е авантурист
5. Тој е песимист
6. Тој е себичен
7. Зборува секогаш само за своите проблеми
8. Споделува интримни детали за претходните партнерки
9. Тој е посесивен
10. Сака да контролира

Во случајот на оваа жена, листата со негативни особини е подолга.

Следниот чекор е да составите листа од 10 најважни приоритети во вашиот живот. Потоа, напишете ”ДА” или ”НЕ” до секое, според тоа дали партнерот ги исполнува.

Пример:
1. Патување – НЕ
2. Дарежливост – НЕ
3. Комуникација – НЕ
4. Романтика – ДА
5. Пријателство – НЕ
6. Секс – ДА
7. Слобода – НЕ
8. Доверба – НЕ
9. Стабилност – ДА
10. Комплименти – ДА

Важно е да се напомене дека овој тест ги одразува вашите внатрешни мисли и чувства, затоа бидете најискрени што можете доколку сакате да добиете вистински и реални резултати.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.