Тесната врска на фудбалот и модата

0

Често се случува во модната идустрија познат фудбалер да е вклучен во кампања на моден бренд, но интересно е тоа што најчесто од сите спортови фудбалот е тој што се поврзува со светот на модата.  Зошто на пример тука не спаѓаат спортови како тенис, рагби, кошарка или пак други дисциплини?

Фудбалот е спортска дисциплина и претставува голем бизнис во Европа. Во земји како Италија овој спорт е „религија“ за многу фанови.
Фановите, но и самата земја, а и светот ги дожувава како вистински херои и икони на културата, па не е изненадувачки фактот што големите, светски модни брендови често ги вклучуваат во нивните кампањи за промоција на продуктите.
Фудбалерите најчесто се ангажиани во кампањи на спортска опрема, продукти за коса, кожа, нега на тело и сл.
Денес се почесто овие ѕвезди се појавуваат и како заштитни лица на познатите модни брендови.

Италијанските дизајнери како дуото Dolce & Gabbana и Armani ги ангажираат фудбалерите наместо машки модели, ставајќи акцент не само на нивното име, туку и на нивното влијание и добриот изглед.
Изгледа дека стилот на фудбалерите одлично им одговара на дизајнерите, а уште повеќе на потрошувачите.

На пример италијанскиот бренд Dolce & Gabbana си создаде навика не само за ангажирање на фудбалери во нивните кампањи, туку и за созадавање на облека за фудбалските тимови, како што е случајот со клубот “Милан”.
Покрај тоа, познато е дека Доменико Долче е голем фан на овој фудбалски клуб па оттаму не е ни чудно што дуото пороизведува облека за целиот тим.
Уште еден интересен податок за ова дуо е тоа што тие исто така дизајнираат производи за Италијанскиот Национален фудбалски тим и англискиот, Челси.
Во првата кампања со фудбалери тие ги вклучија светските шампиони на фудбалот Gennaro Gattuso, Fabio Cannavaro, Andrea Pirlo и Gianluca Zambrotta.

Кога беше прогласен за најдобар фудбалер на светот Messi ја прими наградата исто така облечен од глава до пети во Dolce & Gabbana.
Lionel-Messi-in-Dolce-Gabbana-new-underwear-campaign

Christiano Ronaldo е уште еден во низата на фудбалери кои се навлезени во модниот свет. Меѓу кампањите за кои е ангажиран беше и познатиот бренд Armani.
bg[2]
Брендот не само што дизјанираше одела за англискиот национален тим тој исто така беше и дизајнер на Челси пред Dolce & Gabbana да му ја одземат таа прилика.
Армани е исто така познат по ангажирањето на фудбалери за потребите на брендот. Од врвната соработка со David и Victoria Beckham до соработката со Ronaldo и Megan Fox, брендот создаде навика за ангажирање на познати атлети во своите кампањи.
article-1197104-059229FC000005DC-922_634x430

Еден од главните факти кога се работи за ангажирање на познати фудбалерски имиња е и колку кариерата на таа личност е добра, играта на тимот како и неговиот личен стил. Се разбира и „звучното“ име за кое што тој игра.
4354936068_5e4e64ae33

Земете го примерот врвниот фудбалер David Beckam. Тој во неговата кариера комплетно е посветен на изгледот, а и на модните моменти. Некој како него, со себе го носи својот личен стил и свесно се позиционира како икона во модниот свет. Тој е постојано присутен на модните случувања, секогаш уреден а да не спомнуваме со колку светски бреднови досега има остварено соработка. од заштитно лице на парфеми до промовирање на долна облека и гардероба.

Сепак, фудбалот не е единствен спорт поврзан со модните куќи и индустрија, познат е случајот со модниот бренд Prada или пак Moschino и италинаскиот рагби тим- Aironi во 2010 година. Брендот беше задолжен за изгледот на тимот- и дизајнираше одлични рагби костими за играчите.
IMG_7416
Од друга пак страна пазарот е многу еднставен, а тактиката да се стигне до потришувачите е уште поедноставна.
Ако тој лик „продава“ и ако добро го претставува поизводот тогаш грешка не би постоела.
claudio-marchisio

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.