Тесната врска меѓу бирото и продуктивноста на работа

0

Покрај секојдневните обврски, купови хартија и стресови, дополнитена причина за лошото чувство на работа е вашето работно биро. Огромно е влијанието на бирото врз вашата продуктивност, дури можеби и повеќе од односот на колегите.

Многу може да се промени работниот ден откако ќе го средите бирото и работниот простор, а тоа е особено важно, бидејќи мора да си признаеме дека повеќе време од денот поминуваме на работа, отколку дома.

  1. Средете го нередот

Прво и најважно! Колку е поголем хаосот во глава, толку помал нека биде хаосот на бирото. Исфрлете ги сите негативни и непотребни работи што ви го преплавуваат бирото, како на пример сметката за вода од минатата година. J

  1. Ставете цвеќиња

Ќе се зачудите колку зеленилото може да влијае позитивно на вашето расположение, особено кога е непосредно до вас. Зелената боја ги одмара очите, влијае врз креативноста а убавиот мирис на цвеќето никако не може да пречи.

  1. Поставете го бирото на централна позиција

Потребно е да имате поглед на вратата во вашата канцеларија. Имајте предлед на тоа кој влегува и излегува од неа.

  1. Декорирајте слободно

Донесете слики од вашето семејство, залепете постер од омилениот актер или едноставно еден ѕид обојте го во омилената боја. Просторот веднаш ќе почне да потсетува на вашиот дом и се она што ви значи.

  1. Природна светлост

Погрижете се да влегува светлина од прозорите. Што повеќе успеете да издржите без уклучување на сијалицата, толку подобро. Сончевите зраци особено наутро ќе ве освежат и расположат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар