Тесла самиот ќе ве одведе на работа

0

Неодамна беше одржана конференција каде што Тесла Моторс најавија дека сите нивни идни возила ќе имаат вграден хардвер неопходен за авто-пилот во автомобилот. Потоа Елон Маск прикажа видео на кое Тесла го вози својот сопственик до работа, без никаква асистенција од возачот.

Автомобилот паркирал сам, возел водејќи сметка за семафорите, за другите автомобили, за приоритетните улици и за пешаците. Потоа сопственикот на автомобилот излегол надвор, а Тесла самиот нашол место за паркирање. Дури ги препознал и местата за лица со хендикеп и ги заобиколил.

Линијата електрични автомобили Model S и Model X веќе се произведуваат со нов хардвер, а новините се 8 камери во автомобилот, 12 подобрени сензори и побрз радар.

Се очекува до 2017 година Тесла да вози од Њујорк до Лос Анџелес „без да се допре воланот“.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.