„Теорија на двојници“- зошто една личност ни се допаѓа, а друга не ?

0

Со некои луѓе веднаш наоѓаме заеднички јазик, а со други воопшто не може да се разбереме. Од друга пак страна психолозите велат : Со кој си, таков си!

Секој од нас има идеaлна слика за партнер, соговориник и пријател, без разлика дали се работи за партнер на работа или пак животен сопаник…. но, мислам дека повеќето од нас не размислуваат идеaлен партнер за на работа…зошто тоа би не интересирало? Но, кога станува збор за идеален животен партнер…ајде да размислиме…

Психолозите велат дека се започнува од раното детство, ставови кои уште тогаш ги формираме, можеби со полни 5 години. Централната точка на нашиот став се луѓето кои најчесто сме ги гледале. Понекогаш тоа може да биде и нашиот одраз во огледало или некој роднина.

Да се сетиме какви сме биле како деца: колку внимателно сме ја набљудувале сопствената физиономија, како сме ги имитирале родителите, какви гримаси сме правеле кога нешто ни се допаѓало или не.
Постепено сè што ни се допаѓало се задржало некако во нашиот ум, а подоцна оваа основна целина сме ја корегирале или само дополниле.

Со текот на нашето растење и развивање светот колку нас сме го оценувале во зависност дали тоа нам ни се допаѓа или не. Oнаа личност со која сме наоѓале повеќе заеднички точки, ни станувала поблиска.

Досадни ни се работите кои не ги разбираме, не го поднесуваме она што е далечно од нашите ставови.
Понекогаш ни е привлечно и она што ни е непознато, но пресудуваме дека може нема да ни се допадне.

На личноста во која ќе препознаеме некои наши карактеристики, автоматски повеќе и веруваме. Таа веднаш ни се чини „позната“ и многу лесно можеме да се спријателиме. „Нè разбира“- помислуваме.

Понекогаш ова „препознавање“ се одвива и според надворешниот изглед на личноста, тоа го сметаме како сигнал дека можеби и внатрешно сме слични со таа личност. Ова може и многу да нè прелаже.

Теоријата на „двојници“ се применува несвесно во сите видови на комуникации, не само во љубовната – објаснуваат психолозите. Често помислуваме дека ако некој нема слични карактеристики со нашите, воопшто да не започнуваме ништо со таа личност…

На пример ако сте некоја нежна русокоса девојка во врска со „мачо“- висок, црн и силен…запрашајте се каква е таа случајност?
Одговорот е многу едноставен. Гестикулациите кои ги правиме, начинот на движење и зборување говорат многу за нас, изгледот ставот кој го имаме секако спаѓаат тука. Па и на тој начин најчесто луѓето си ги бараат „сродните души“. Сето ова остава личен печат за тоа каква личност сме ние.

Некој се чешка по носот, некој врти прамен од косата, некој додека се движи потскокнува, некој користи одреден став за покажување на чувства…
Ако овие карактеристики ни се познати, ако се дел и од нас и ако на некој начин се поврзани со некој момент од минатото кои ни се допаѓал и ни останал во свеста, тогаш автоматски таа личност ни се допаѓа.

Сетете се колку брачни парови има што по неколку години  навистина наликуваат еден на друг.Тоа не е никаква мистерија- кога сè правиме заедно со таа личност стануваме екипа што исто зборува и размислува.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.