Тенка е границата помеѓу генијалноста и лудилото

0

Психолозите откриле дека генијaлните и креативни луѓе имаат заеднички гени со луѓе кои имаат ментални проблеми и се склони кон депресија.

Тие веруваат дека благодарение на резултатите од истражувањата, ќе можат да  објаснат зошто генијлаци како Винсент Ван Гог и Силвија Плат биле склони кон деструктивно однесување.

Психолозите можат многу едноставно да откријат дали некоја личност е генијална или пак граничи со лудило.

Тие велат дека се доволно само неколку прашања за да се потврди состојбата. Направено било истражување каде на група волонтери им биле поставени следните прашања:

  1. Што имаат заедничко параброд и чајник?
  2. Што имааш заедничко торнадо и тркачки автомобил?
  3. Што имаат заедничко чевлите и моливот?

Тие што не можеле да одговорат, се покажало дека нивниот ум е здрав. Таму каде што имало логика во одговорот, постои можност за појава на психолошки пореметувања во иднина. Овој тест е пример за контрапозиција, логичка метода со која психолозите откриваат нечија свест.

На пример, тие прашуваат: „Што имаат заедничко враната и масата“?

Поголем дел од луѓето ќе дадат одговор дека немаат ништо заедничко. Генерално гледано, немаат и не може да се споредуваат. Но, умот на луѓето во посебни состјби ќе почне да ја бара поврзаноста и ќе личноста ќе дава уште понелогични одговори од самото прашање.

Интересно е тоа што на сличен начин ќе одоговарат и генијланците ако знаат дека мораат да пронајдат некева врска помеѓу нив. Единствената разлика е тоа што првите одговараат инстинктивно, а вторите се концентираат на поставена задача и даваат само еден одговор.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.