ТЕНЕРИФЕ- Oстров на вечната пролет

0

Патувањата ги полнат очите, но и духот. Ве носиме на една бескрајно шармантна прошетка на островот каде секогаш е пролет. Тенерифе е меѓународно познат како „Остров на вечната пролет”.

Островот е на иста географска ширина како и пустината Сахара, а карактеристично за него е топлата клима преку цела година. Во зима температурата се движи од 20 до 22 степени Целзиусови, додека во лето од 26 до 28 степени.

Тенерифе е вулкански остров, кој се создавал и менувал со последователни ерупции во текот на неговото постоење. Најстариот планински масив во Тенерифе се издигнал во Атлантскиот океан како резултат на вулканска ерупција која го создала островот пред дванаесет милиони години. Главниот град на Тенерифе, Санта Круз де Тенерифе, воедно е и главен град на Канарските острови. Популацијата на Тенерифе изнесува 906.854 жители.
tenerife (3)
Најразвиена гранка на Тенерифе е туризмот. Островот е еден од најпосетуваните локации во светот. На него има многу споменици и музеи, особено од времето после освојувањето на островот. Интересни и важни локалитети кои треба да се посетат се катедралата Сан Кристобал де Ла Лагуна, замокот Сан Андрес, пештерата Сан Блас, пирамидите Гулмар, кулите Санта Круз, музејот на историјата на Тенерифе, музејот на антропологијата на Тенерифе и други.
tenerife (5)
Постојат неколку традиционални, важни настани и прослави кои се одржуваат на Тенерифе, а кои се привлечни за голем број туристи. Карневалот на Санта Круз е најважниот настан, кој е посетуван од голем број туристи и е прогласен за фестивал од меѓународен туристички интерес. Се слават и празникот на девицата од Канделарија и празникот на Кристо де Ла Лагуна.
tenerife (8)
И покрај својата мала површина, Тенерифе има извонредна еколошка разновидност, што е резултат на карактеристичните услови на островот. Ова е остров со богата и разновидна флора на кој виреат околу 1.400 видови растенија. Истото може да се каже и за фауната, островот е богат со околу 400 видови риби, птици, влекачи, водоземци, морски желки, делфини и китови.
tenerife (2)

tenerife (4) (1)
tenerife (6)
tenerife (7)
tenerife
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот