Тејлор Свифт е најдобро платена личност меѓу познатите

0

Пејачката и текстописец Тејлор Свифт успеа да се искачи на врвот на годишната листа на магазинот Форбс на 100 најдобро платени познати личности со заработка од 170 милиони долари.

Свифт ги надмина нејзините колешки. Адел се најде на деветтото место со заработка од 80,5 милиони долари, Мадона е на 12-тото место со 76,5 милиони долари, Ријана на 13-тото со заработка од 75 милиони долари.

Туренјата на Тејлор Свифт, “1989 World Tour” и донела заработка од двесте милиони долари.

Нејзиниот некогашен партнер, диџејот Келвин Харис се најде на 21-то место на оваа лисат со годишна заработка од 63 милиони долари.

На листата, веднаш зад Тејлор, се групата „One Direction“ со заработени 110 милиони долари во текот на минатата година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.