Технологијата се развива со огромна брзина, односно додека да трепнете веќе има некој изум. Но, одредени технолошки поради високата цена кај нас дојдоа малку подоцна за разлика од развиените земји. Оние кои добро се сеќаваат на деведесеттите години, сигурно се сеќаваат на некои слатки маки кои ги имавме кога во прашање беа компјутерите, компакт-дисковите и бавните процесори. Ќе си дозволиме да бидеме по малку носталгични, да ве вратиме дваесетина години назад и да ви покажеме колку денес нештата се поедноставени.
Се сеќавате ли дека во викенд станувавте во точно определено време само за на тв да ги фатите вашите омилени цртани или серии?
Колку ли само пари од вашиот месечен џепарлок одеа за купување или изнајмување на музички дискови и филмски компакт дискови?
Се сеќавате на времето кога бевте приморани да одберете дали ќе имате слободна телефонска линија или интернет? Па, мајка ви мораше да ве бара кај соседите на нивниот фиксен телефон, оти вашиот беше зафатен со саати…
А моментот кога се обидувавте да спуштите нешто од интернет и сфаќавте дека тоа ќе потрае, барем неколку дена?
Кој знае колку се нервиравте кога некоја програма едноставно ќе престанеше да функционира…
Признајте дека не ви беше сеедно кога ќе сфатевте дека вашиот музички систем кој го плативте цело богатство не ги чита цедињата направени на вашиот компјутерски режач кој исто така ве чинеше богатство…
И кога ви требаше цела една вечност за да ја пронајдете вашата омилена песна…
Денешните деца не знаат како изгледа касета, а уште помалку зошто пенкалото е најдобар пријател на касетата…
И веројатно, нашиот најголем проблем беше кога ќе го загиневме гуменото топче кое го придвижуваше нашето компјутерско глувче…
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот