Технологии предвидени од писателот Жил Верн

0

Францускиот писател Жил Верн во деветнаесеттиот век ги напиша епските дела како „Околу светот за 80 дена“, „Патување во центарот на Земјата“, како и „Дваесет илјади милји под морето“. Во овие дела тој споменува апарати, направи и возила кои не можеле ниту да се замислат во тоа време, па неговите романи биле сметани за научна фантастика. Mногу од тие тогаш измилсени апарати денес се реалност. Еве неколку пронајдоци од книгите на Жил Верн кои станаа реалност.

Соларни едра

Во книгата „Од Земјата до Месечината“ напишана во 1865 година, Верн опишува вселенско летало напојувано со светлина. Денес соларните едра се реалност и се употребуваат за напојување на многу сателити и летала кои се наоѓаат во орбитата.

Видеоконференција

„Фонотелефонот“ претходникот на денешните видеоконференции е уште една технологија предвидена од Жил Верн.

Пишување на небото

Верн бил многу внимателен посматрач на светот околу себе, и еден дел кој го заинтересирал бил маркетингот. Во расказот „Во годината 2889“ Верн опишал тн. „Атмосферски реклами“ слични на денешните небесни натписи.

Електрични подморници

Капетанот Немо патува низ светските мориња во џиновска електрична подморница наречена Наутилус. Оваа подморница, во книгата се напојува од електрична енергија. Во времето на Жил Верн, на струјата се гледало со недоверба, но капетанот Немо објаснува: „Струјата е моќна и послушна.“

Тејзер

Иако омилени му биле возилата, Верн пишувал и за оружја кои се уште не постоеле. Пиштолот кој пренесува силен електричен полнеж, денешниот тејзер е опишан во „Дваесет илјади милји под морето“. Но, Верн не секогаш ги опишувал своите инвенции како добри за човекот.

tehnologii-od-zil-vern (2)

Денес, Жил Верн многумина го сметаат за писател со пророчки дар кој замислил или предвидел многу модерни технологии со децении пред тие да се појават.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот