Техники на самоодбрана кои можат да ви го спасат животот

0

Дали понекогаш сте размислувале како би  се одбраниле доколку некој ве нападне во случај на грабеж, обид за силување па дури и убиство? Познавањето на неколку основни техники на самоодбрана не само што ќе ви даде чувство на сигурност, намалување на можноста да станете жртва туку можат и да ви го спасат животот.

Самата помисла дека некој може да ве нападне е непријатна, па затоа и многу голем број  на луѓе не размислуваат на таа тема дури и ја игнорираат што е уште полошо, затоа што нападот вообичаено се случува додека сте сами и нема кој да ве заштити.

Клучни работи за спречување на нападот:

Бидете свесни за својата средина и каде се наоѓате

Движете се на добро осветлени места и секогаш бидете свесни кој се се наоѓа во вашата близина. Ако почувствувате дека некој ве следи, не треба да го забрзувате вашете одење со тоа го провоцирате вашиот напаѓач, застанете свртете се кон него и доколку е потребно тргнете во напад.

Направете контакт со очите со другите луѓе

Контакот со очите со потенцијалнот напаѓач ве прави да сте помалку посакувани и му става на знаење на напаѓачот дека знаете кој е и дека лесно можете да го идентификувате во полиција. И не викајте! Вашиот напаѓач ќе направи се за да ве замолчи со гушење, со затварање на устата или пак со удирање и не ке можете да се одбраните.

Доколку нападот не може да се избегне, битно е да се научи како и кога треба да удрите. Доколку ги знаете виталните точки како што се очи, нос, колено, врат, препони, грло  постои можност да се одбраните и од физички посилен напаѓач. Не користете претерана физичка сила туку гледајте да ги избегнувате нападите. Во секој случај доколку е можно земете мобилен колку да види  дека некого повикувате или едноставно мафтајте на некого од спротивната страна дури и да нема никој. Тоа ќе го обесхрабри. Техниките за самоодбрана се корисни за добивање на време додека да дојде полицијата или некој друг.

Самоодбрана всушност е нужна одбрана што е неопходно потребна сторителот да одбие од себе или од друг, истовремен противправен напад. Вие не смеете да го злоупотребите правото на нужна одбрана ниту пак да го испровоцирате нападот како би се одбраниле од него и потоа да се повикате на нужна одбрана. Нужната одбрана значи исклучување на противправноста на делото што значи дека жртвата имала право на тој начин во дадениот случај да се одбрани, значи нема кривично дело и се донесува ослободителна пресуда за жртвата. Во опасни улични ситуации нема правила.

Запомните! Во борбата за живот сè е дозволенои не постојат технички забрани и ограничувања!

Подготви: Марија Алексиќ

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.