Тато, ти благодарам што беше и татко и мајка во исто време

0

Мајка ми ме остави кога имав само два месеца. Со неколку работи во патна торба, си замина од дома среде ноќ. И јас често пати излегував доцна во ноќта, но никогаш не оставав никого зад себе. Секогаш се враќав да погледнам по собите детално, ќе клекенв да видам под креветитте за да бидам сигурен дека нема ништо под нив, никакво живо суштество кое ќе го затворам и заборавам.

Сакам што мојот татко, нејзиното заминување го опиша „замина сред ноќ“, бидејќи ми остави место да ја завршам приказната како што јас сакам. Па, така во некои моменти и простував се, замислувајќи дека отишла да купи најубави играчки, сликовници за мене, па малку залутала, бидејќи навечер е лесно да залуташ, но сепак можеш да се вратиш кога ќе огрее сонцето.

Кога бев разочаран, пак, тогаш мајка ми бегаше од мене, нешто не било во ред со мене, па затоа избегала. Бегала во црната ноќ, бидејќи само така ќе може да скрие од другите, но од себе никогаш.

Кога имав 2 години, верував дека семјество го сочинуваат двајца, татко и дете. Баба ми доаѓа и помага, игра со мене, понекогаш готви ручек, но потоа си оди. Мислев дека и исто кај сите луѓе дома.

Дури кога на улица почнав да забележувам дека децата шетаат со „некои жени“ за рака, се гушкаат со нив исто како јас со мојот татко, дека им бегаат по улицата како јас на мојот татко, им се фрлаат во прегратки како јас на татко ми…

Некој рече „мама“.

До тогаш, зборот „мама“ го немав никогаш во животот слушнато во нашата куќа.

Кога прв пат беше изговорен, беше кажана реченицата „твојата мајка замина една вечер…“

Тоа беше тежок период за мојот татко, со две годишно дете кое стои со разочаран поглед пред него и рафално поставува прашања: „кога, каде, зошто си заминала, дали ќе се врати, зошто нема да се врати, зарем не не сака, која е мојата мајка?“

Дури сега, кога имам свое дете можам да замислам колку овие прашања го болеле мојот татко, посебно неможноста на толку мало дете да му објасни зошто се работите такви. Токму затоа, морал да ја претстави на бајковит начин, со крила, за да ми олесни.

А едниствениот кој требаше да има крила беше мојот татко.

Ми пееше песни, секогаш си потпевнуваше, ми читаше од сликовниците, правеше авиони и змаеви од хартија, ме бањаше во пена, ми сечеше нокти со малечка ноктарица, на секое прсте му даваше посебно име..

Правеше највкусни колачи од пишкоти и жолт фил. Организираше роденденски прослави, декорираше простор кој личеше на денешните игротеки, правеше се да биде убаво, надевајќи се дека во целото тоа шаренило нема да забележам деа ја нема мајка ми.

Mојот прекрасен татко… Колку само се давал себеси за јас да останал цел, жив и здрав, да не се изгубам себеси заради оние делови кои ми крвареа, срцето и душата.

Дури сега, кога сум татко сфаќам што тој направил за мене.

Тој беше повеќе од татко, беше и мајка и татко, поточно беше најдобра „мајка“. Гледајќи ја мојата сопруга, сфаќам што таа значи во животот на мојата ќерка, сфаќам што ќе значеше да не си заминеше мојата сред ноќ.

Сфаќам колку сила му требало. Мене половина од силата ми ја снемува кога детето има грип и висока температура. Колку ли пати него му снемувало сила со сите родителски предизвици, во комбинација со товарот „мама си замина сред ноќ?“

Му се случваше некогаш да ја стави главата на коленици и да издише длабоко. Јас мислев дека е само уморен, но тој бил тажен. Како и секој човек, сакал да си олесни со длабоката воздишка.

Ова не е приказна за мајката која заминала сред ноќ. Не е приказна, за тоа како би живееле ако останеше.

Ова е приказна за љубов, за несебично давање, за почитување, за тоа што треба родителот да претставува во очите на детето.

Ова е приказна затоа дека не постои замор, не постои болка, нема тага, не постои зборот „не можам, не сакам доста ми е, си одам…“ кога пред себе имаш дете кое во тебе гледа безбедно скривалиште и поддршка.

Ова е приказна за се она што претставуваат храбрите татковци кои останале кога мајките заминале во ноќта.

Извор: MamaKlik.rs 
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот