Татковската улога во социјалниот и моралниот развој на детето

0

Психолозите до сега претежно ја проучувале улогата на мајката во развојот на детето. Евентуално улогата на двајцата родители. Меѓутоа, денес се почесто се зборува за татковската улога во семејството.

Многу стручни лица се согласуваат дека татковската улога е подеднакво важна како мајчинската. Тие се исто така многу чувствителни, нежни и грижливи према детето.

Mногумина не знаат, но докажано е дека татковците имаат поголема улога во интелектуалниот и социјалниот развој на детето, за разлика од мајката. Дури и кога само си игра со детето, таткото го поттикнува неговиот интелектуален и социјален развој.

Моралниот развој е уште една област во која татковците имаат посебна улога.
Како таткото влијае врз моралниот развој на своите деца?
Директно – пружејќи им насоки и упатства.

Во една студија, децата кои имале сличен модел на однеување како својот татко, постигнале подобри резултати на тестовите во врска со личниот морал на расудување и морални вредности.

Децата кои не се идентификувале со своите татковци, покажале неспремност да прифатат вина, а не се ни чувствувале виновни за недоличното однесување. Кога ќе пораснат во тинејџери, овие деца имаат проблем со самоконтролата и агресивното однесување.

Колку татковците имаат влијание на развојот на децата, покажува податокот дека мажите кои имаат добар однос со својот татко, имаат повеќе разбирање према жените и друштвено се поодговорни од останатите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.