Татковци, кои забранувале да се носи дома куче – „фатени“ на дело

0

Некогаш некој во семејството сака да си донесе четвороножен пријател – најчесто тоа се децата – но, некој секогаш е остро против, на пример, таткото.

Но, ако сепак некако ви се посреќи да го скршите неговото противење и да го донесете кученцето дома, бидете сигурни: тоа пуфкасто чудо многу брзо ќе го засакаат сите, и најмногу од оној кој најмногу се противел – таткото.

Искуствата на децата се интересни, затоа тие ги споделиле заедно со фотографија.

Еве што велат тие:

  1. Мојот татко зборуваше дека не сака куче дома.
  2. Веднаш откако тато рече дека кучето ни под „разно“ не смее да се качи на креветот, тоа веќе спиеше до него.
  3. Татко ми на почетокот беше против кучиња дома. И потоа почна да си го чува кучето во неговата соба.
  4. Мојот татко постојано тврдеше дека куче дома – тоа е зло. Сега тие двајца спијат заедно.
  5. Тате велеше дека не му треба ниту Ipad ниту куче. Сега ги има двете и целосно е посветен на нив.
  6. Татко ми навистина беше против тоа да чуваме куче, но, сега јас понекогаш ги наоѓам двајцата гушнати.
  7. Мојот татко никогаш нема да признае колку многу го сака нашето старо куче. Но, тие двајца секогаш се заедно.
  8. Тато на почетокот беше строго против кучиња…. Мислам дека веќе се премислил.
  9. А ова инаку е мојот татко којшто „не сака да има каква и да било врска со тоа куче“. Сега дури јадат заедно.
  10. Тој ми рече: “Јас не сакам никакво куче”. А после некое време ми рече: “Јас сакам и второ куче”. Браво, браво тато……
  11. А тој ми велеше дека „куче во куќава ќе се појави само преку него мртов“.
  12. Мојот татко постојано вели дека не може да ги смисли кучињата( а ги храни сите улични кучиња и ги гали кога никој не гледа).
  13. Татко ми секогаш беше нерасположен кон помислата за кучиња дома. Јас на свој ризик и со страв сепак купив кученце и очекував ќотек. Но, штом го виде ситуацијата во истиот момент доби тек.
  14. Тој ми рече: “Ако си купиш куче, ти да си го гледаш. Мене не ми треба некој ѓаволски касач на нозе”. Добро тато….
  15.  Татко ми не сакаше да купиме куче дома, а сега се најдобри пријатели
  16. Јас не сум љубител на кучиња и точка…
  17. Тато воопшто не беше воодушевен од идејата да имаме дома животно. Но, кученцето веднаш се вљуби во него.
  18. Татко ми не сакаше куче, но, веќе 15 години тие се најдобри другари и практично се неразделни.
  19. Мојот татко се уште си стои на ставот дека не ги сака кучињата
  20. Тој не го сакаше тоа „проклето куче“ – а сега го обожава!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот