Татко, колку ти чини еден час?

0

Таткото се вратил од работа доцна, изморен и нервозен и го нашол својот 5 годишен син како го чека пред вратата.

– Тато може ли да те прашам нешто?
– Да секако, кажи сине?
– Тато, колку заработуваш за еден час?
– Тоа тебе не треба да те интересира, зошто ме прашуваш?- рекол нервозно таткото.
– Само посакав да знам. Те молам, кажи ми колку заработуваш за еден час?
– Ако веќе мора да знаеш, заработувам 50 долари?
– Ох- детето здивнало со спуштена глава.
– Татко, те молам, може ли да ми дадеш 25 од нив?

Таткото бил бесен: Ако сериозно ме прашуваш дали може да ти дадам 25 долари само за да одиш и да си купиш некоја играчка, тогаш замини веднаш во соба и запрашај се зошто си толку себичен. Јас не работам секој ден за такви детски лудости!

Детето тивко заминало во соба и ја затворило вратата. Таткото седнал и почувствувал уште поголема нервоза поради прашањето од детето:

-Како се осудува на такво прашање само за да добие пари- помислил таткото.

По половина час се смирил и размислил:

– Можеби навистина му требаат за нешто тие 25 долари…Не прашува често за пари…

Таткото тропнал на вратата на детето:

– Дали спиеш? – го прашал.
– Не тато, буден сум.
– Размислував, можеби бев престрог со тебе, имав тежок ден… Еве ти 25 долари.

Детето станало смеејќи се…

– Благодарам тато- рекол.

Тогаш детето под перницата извадило цело клопче на згужвани пари. Кога таткото видел станал уште побесен. Детето полека ги избројало парите и го погледнало својот татко.
– Зошто бараш пари кога веќе имаш?- прашал таткото.
– Зошто немав доволно, а сега имам- рекло детето.
– Тато, сега имам 50 долари, може ли да купам еден час од твоето време? Те молам, дојди утре дома порано. Сакам да вечерам со тебе.

На таткото му се скршило срцето кога го слушнал тоа, го прегрнал синот и го замолил за прошка.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар