Татко го трогна светот со книгата што ја создаде за својата аутистична ќерка

0

„Гуш и Бац” е проект и книга која беше објавена овој месец во Скопје, Македонија. Овој графички роман е прикажување на светот на мојата ќерка и нејзиниот аутизам. Таа измисли сопствени зборови за да може да комуницира со околината, бидејќи има проблеми со конвенционалниот јазик. Овој проект има за цел да ја подигне свеста за аутизмот, како и тешкотиите што ги имаат лицата со аутизам со интегрирање во општеството.

Средствата од продажбата на „Гуш и Бац“, вклучувајќи ги и илустрациите од книгата ќе бидат наменети за реедукација, односно работа со дефектолог и логопед на оние дечиња со аутизам кои не можат да си го дозволат тоа.

Која е Ерато?

” Пред единаесет години, се роди нашата втора ќерка. Ја именувавме Ерато. Таа беше дијагностицирана со аутистично нарушување, состојба која ги смени нашите животи. Беше како да влеговме во маѓепсана шума или мистериозен лавиринт. Одевме од едно место до друго, барајќи излез, спасение. И сè уште го правиме тоа… Следејќи ја Ерато низ нејзиниот живот, таа нè научи на радост и среќа – научивме да се смееме на работи што другите не би ги ни забележале.

Ерато е исклучително љубопитена, лукава и немирна. Секогаш наоѓа начин да го добие она што го сака. Никогаш не се откажува. Таа исто така сака да се запознава со луѓе. Она што уште повеќе ѝ се допаѓа, е да ги прегрне и да ги бакне. Нејзината вештина при ракување со својот компјутер, таблет и паметен телефон е восхитувачка. Таа ги обожава чоколадото и бонбоните. Одење во локалната продавница ја прави неверојатно среќена. Таа е многу емотивна и станува многу тажна кога некој се лути на неа. Она што таа може да го види и да го слушне, нам не ни е познато”, вели мајката на Ерато, Доменка Кардула.

Подарок на уметникот за неговата ќерка – Зоран Кардула ги зеде сите зборови што таа ги измисли (вкупно 47), повика уметници и дизајнери од Република Македонија да ги илустрираат нејзините зборови и да го претворат светот на Ерато во книга. Сега, секој може да ги научи зборовите и да го дознае нивното значење.

На некој начин, прекрасната книга, подарок од таткото за неговата ќерка, е и подарок за светот – алатка за подобро разбирање на луѓето со аутизам.

Илустрации од: Руки Чуки, Ване Костуранов, Марко Јанев, Зоран Кардула, Немања Трајковиќ, Диано Здравковиќ, Шемко, Филип Велковски, Иван Дургутовски, Дијана Димитриевска, Горан Костовски, Милан Стојанов, Влатко Ристов, Анастасија Јовческа, Татјана Коцева, Елена Андреева, Дејан Ханџиски, Никола Радуловиќ, Мартина Петковска, Бисера Крчковска, Мики Стефаноски, Ѓорѓи Јаневски, Александар Илиевски, Небојша Гелевски – Бане, Видана Бошкова Мицевска, Ем Елефантски, Ана Стојановска, Игор Делов, Анастазија Манасиевска, Венцо Милошевски, Ѓорѓи Јовановиќ.

Фото: Теано Кардула, Васе Аманито

„Книгата се вика Гуш и Бац, Ератовите – стилизирани кратенки на македонските зборови гушне (прегртка) и баци (бакнеж). За да бидат сигурни дека зборовите ќе бидат добро разбрани, таткото го преведе Ератовиот речник на 19 јазици, вклучувајќи го и англискиот, македонскиот, албанскиот, српскиот, турски, влашкиот и.т.н. Триесет и три талентирани локални уметници се придружија на напорите – создавајќи провокативни илустрации за секој од 47-те зборови. Јас, лично добив впечаток дека Ерато е волшебничка! Мора да внимава околу зборовите, бидејќи може сосем случајно да изврши некаква магија. „Гуш и Бац“ е нејзината книга со магии која колку и да се трудиме – ние обичните луѓе едноставно не можеме да ги разбереме. Можме само со восхит да ја гледаме магијата содржана внатре во нив. И можеби еден ден, да се надеваме дека ќе ги научиме нејзините тајни “- дел од статијата објавена од MetDaan

Извор: boredpanda.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.