Татиана Калдерон: Новата надеж на Формула 1

0

Новата надеж на Формула 1 e Татиана Калдерон од Колумбија која ќе биде дел од тимот на Заубер како возач во развој за 2017 година. Тимот се надева и цели кон тоа таа го покаже и искористи целиот потенцијал што го поседува, пренесува CNN.

„Среќна сум за соработката со тимот каде што можам да учам многу“ – изјави 23-годишната Татиана.

„Тоа е чекор поблиску до остварување на мојот сон – еден ден да се натпреварувам на Формула 1 шампионатот“ – вели таа.

Инаку, таа се трка од 12 годишна возраст, почнувајќи со картинг патеките.

Што се однeсува до другите жени во оваа категорија, Сузи Вулф е најблиску последниве години за учество на шампионатот бидејќи имаше неколку настапи за Вилијамс, но на крајот на 2015 година стана јасно дека нема да биде земена предвид за шампионската титула.

Кармен Јорда е уште еден возач во развој за тимот на Лотус и Рено од 2015 година, додека Симона де Силвестро од Швајцарија е во тимот на Заубер и досега има одлични резултати.

Инаку, во историјата на Формула 1 се познати пет жени кои биле дел од квалификациите и официјaлните трки на Формула 1: Марија Тереза де Филипис, Џована Амати, Дивиан Галика, Дизаер Вилсон и Лела Ломбарди.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.