Тартуфите, храна за боговите и богатите

0

Печурките се богати се со значајни микронутриенти како фосфор, натриум, калиум, магнезиум, калциум, сулфур и железо, а меѓу сите видови на печурки, почесно место зазема тартуфот.

За тартуфите секогаш ќе останат дилемите, печурка или зачин, мит или чудо, афродизијак или психолошки мит, недостижен вкус или само подземна печурка со прилично непријатен мирис? Дали неговата моќ навистина стои зад сексуалната моќ на мажите, или за таков го чини цената, која стигнува и до 9.000 евра по килограм?

tartufi

Дури се смета дека тартуфите го подигаат и расположението. Старите Еѓипјани, Римјани и Грци верувале дека тартуфите ги зголемуваат способностите за учење, памтење, концентрација и ментална издржливост, а според легендите тартуфите биле омилена храна на боговите, а подоцна и на богатите престолонаследници.

Тартуфите се подземни печурки, по кои трагаат специјално обучени кучиња, во Русија дресирани мечки, а во Сицилија – кози. Трагачите се откажале од дивите свињи, поради нивната ненаситност и незапирливата желба да јадат таруфи. Светската побарувачка за тартуфи не може да се задоволи со природните наоѓалишта, па веќе постојат плантажи за одгледување. Прво се садат садници на лешник и даб, на чии што корења се развиваат тартуфите. Потоа, со постојана работа, се чека 15 години да никнат првите печурки, но откако ќе почнат да растат, од 1 хектар, се заработува околу 100.000 евра годишно!

tartufi (5)

Постојат неколку видови на тартуфи (од фамилијата Tuberacea), а најценети се белиот и црниот. Кој е подобар? Французите сметаат дека нивниот црн truffe du Perigord е шампион меѓу печурките, Италијаните пак велат дека белиот тартуф од Алба е најдобар.

Не е чудно што луѓето желни за заработка тартуфите ги нарекуваат дијаманти. Италијанците на оваа печурка гледаат токму така, како да е драгоцен камен. Всушност тартуфот е поскап од златото.

tartufi (3)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот