Тарт со јагоди

0

Сите ги сакаме десертите! Затоа, подгответе тарт со јагоди. Ќе се вљубите во вкусот и ќе сакате да го правите често.

Состојки

За ТЕСТО ќе ви треба:
115 гр. путер (на собна температура)
50 гр. шеќер
1 големо јајце
250 гр. брашно (сенаменско) + малку сол
½ пакетче прашок за печиво
За ПРЕМАЧКУВАЊЕ ќе ви треба:
Мармалад од кајсии
За ПРЕЛИВОТ ќе ви треба:
200 мл. сок од јаболка
1 пакетче желатин
малку вода
400 гр. јагоди

Подготовка

Чекор 1: Во садот за матење ставете 115 грама солен путер на собна температура и
матете околу 2 минути додека не добиете кремаста смеса. Потоа додадете околу 50гр шеќер и продолжете со матењето додека не се соединат.

Чекор 2: Јајцето изматете го со жица и додадете го во смесата со путерот. Додадете го и брашното помешано со половина пакетче прашок за пециво, постојано мешајќи за убаво да се соединат.

Чекор 3: Во Тавата за Тарт рамномерно нанесете го тестото и избоцкајте го со вилушка за воздухот убаво да проструи при печењето. Печете 5 минути на 200 степени и 5 минути на 180 степени покриено со хартија. Тргнете ја хартијата и печете уште 10 минути.

Извадете го тестото од рерна и оставете да се олади.

Чекор 4: Додека се лади тестото исечкајте ги јагодите на половина, премачкајте го тестото со мармаладот од кајсии и врз него наредете ги јагодите.

Чекор 5: На пареа растворете го пакетчето желатин. Додадете го бистриот сок од јаболки во кој сте додале малку вода. Доколку ставите само сок од јаболки, вкусот на преливот ќе биде остар и нема да се чувствуаат јагодите.

Чекор 6: Ставете го во фрижидер околу еден час да се стегне, па сервирајте.

СОВЕТ: Ако немате јагоди, слободно подгответе го со друго свежо овошје по желба!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот