ТАРОТ: ПАПА – Мост меѓу човекот и Бога

0

На оваа карта за првпат се забележуваат две човечки фигури. Тие клечат пред Папата и имаат бричени глави. Папата е деклариран како фигура која претставува мост помеѓу човекот и Бога. На картата, неговата десна рака е крената со два испружени прста. Традиционалниот знак за благослов. За разлика од Папесата, тој не држи книга, што значи дека тој не консултира некакви пишани прописи за законот туку – тој е законот. Пред него мора да клечи дури и царот! Психолошки гледано, Папата во Тарот картите е спасител на човековата свест. Неговиот број 5 е збир на сите четири свети елементи. Тој ги спојува во еден дух, што е посебна спосбност на човекот. Петката е, исто така и број на човековата природа. Човекот има 5 сетила, 5 прсти на секоја рака и нога. Првите четити броеви ги претставуваат принципите на реалноста, додека бројот пет е конечната реалност.

ПОРАКА: Папата ја нагласува вредноста на постоењето: преиспитајте го своето срце и тогаш делувајте согласно своите убедувања. Отфрлете ги површните проценки и концентрирајте го умот на суштинските работи.

Подготви: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.