Тарот: Картата Пустиник

0

Монахот на сликата ја претставува мудроста која не може да се најде во книгите. Неговиот талент е вечен исто како што е вечен и оганот во неговата светилка. Пламенот е делумно сокриен зад мантијата, како да сака своето присуство да не ѝ го открие на околината. Ако нашиот јунак е подготвен да слуша и да гледа околу себе, стариот мудрец може да му помогна да ја пронајде сопствената мудрост и целта на неговото патување. Но, ако тој сѐ уште не е зрел да ги прими неговита совети, би можел пораката да ја разбере погрешно.

Можеби овој стар мудрец се појавил да нѐ научи на заборавената уметност на самотијата. Можеби сака да нѐ освести дека многу сме застраниле од суштината на нашето битие? Периодите на осаменост, ако внимателно се користат, не се ниту морбидни ниту асоцијални. Тие можат да нѐ вратат во светот со обновена енергија за акција и со јасно чувство за сопствениот идентитет и посебната улога во однос на светот. Пустиникот изгледа како да ни вели дека животот е процес, а не проблем. Нему не му е потребна куќа. Тој не е оптоварен со личниот имот. Очигледно е дека неговата лампа ја осветлува пред сѐ духовната отколку временската темнина. Светлината свети и за другите, но ненамерно. Секој од нас мора да најде начин да направи своја сопствена искра. Оној момент кога своето разбирање и одговорност ќе ги предадеме на некој замислен Голем Брат, макар тој бил политички лидер, култист или гуру, ние сме се изгубиле себеси, својот културен идентитет и својата човечност.

ПОРАКА: Ја нагласува вредноста на мудроста; тој може да ја употреби за своја лична корист или за корист на другите. Ве предупредува никогаш да не помислувате дека знаете сѐ што може да се знае. Во сите ситуации останете со отворен ум и приемчиви за нов развој на настаните. Можеби би требало да се повлечете за да ја разгледате целата ситуација.

Подготови: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.