ТАРОТ: Царица, карта која ве предупредува да не тргнете по линијата на помал отпор

0

На прв поглед Царицата многу наликува на Папесата. Тоа и реално е така. Тие се разликуваат единствено по тоа што Папесата ја претставува духовната женственост, додека Царицата владее над земското кралство.

На претходната карта, Папесата своите раце ги држи затворени, заштитувајќи ја тајната на своето тело, додека рацете на Царицата се отворени, укажувајќи на нејзината екстровертна природа.

Нејзината коса не е скриена со превез, како кај Папесата, туку слободно паѓа, прикажувајќи се себе како жена. Женствена и вистинска жена! Таа не е ограничена со столбовите на храмот, туку седи слободна на природен и отворен начин.

Јасно е:

Папесата е Првосвештеничка и девица, Царицата е Кралица и мадона;

Папесата е трпелива и пасивно чека, Царицата е активна и исполнува;

Папесата чува нешто старо, Царицата открива нешто ново…

Порака: Имајте доверба и решителност при донесувањето одлуки. Ако се подготвувате за важна одлука оваа карта ве предупредува да не тргнете по линијата на помал отпор. Можеби на вашиот партнер му треба помош, охрабрете го и поддржете го, но немојте да бидете премногу посесивни.

Подготви: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.