ТАРОТ: Цар, симбол на стабилност и сигурност

0

Царот го гледаме како активен машки принцип кој се појавува да внесе мир во градината на Царицата. Тој ќе овозможи мажот да стои исправено, да создаде патишта за поврзување и комуникација и ќе го заштитува царството од уништување. Тука почнува патријархалниот свет.

Овој владетел е аспект на архетипот татко. Безгрижно седи со скрстени нозе и рацете поставени на страните на телото. Тој не носи оружје, што покажува дека неговото царство е царство на мирот. Ако внимателно ги погледнете неговите раце ќе забележите дека десната рака е појака од левата.

Таа некогаш носела меч и војувала. Неговиот број четири е симбол на стабилност и сигурност. Со бројот пет, ќе се случи понатамошниот развој кон единството.

Порака: Царот ја искажува силата и цврстината во постигнувањето на своите цели. Тој ни предлага својата енергија да ја насочиме кон целта и да ја искористиме позитивно. Неговиот совет гласи: Немојте да дејствувате пред време и чувајте се од незрело однесување. Со моќта доаѓа и одговорноста. Немојте да дозволите да ве обземе карактерот на страста.

Подготви: Др.Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот