ТАНТРИЧКИ СЕКС, Љубов против западниот модел

0

Постојат три основни гранки на Будизмот: Хинаџана, Махаџана и Тантризам. Тантризмот се појавил пред 6.000 години во Индија, како побуна против религијата што проповедала дека сексуалноста треба да се отфрли ако верникот сака да дојде до просветлувањето. Во нејзиниот најавтентичен облик, тантрата забранува машка ејакулација како главна цел на машкото сексуално искуство. Се верува дека преокупираноста со ејакулацијата ја троши сексуалната енергија и ѝ го краде на жената потенцијалот за повеќекратни оргазми. Меѓутоа, со помош на тантричките техники, жените може да ги постигнат таквите сексуални кулминации.

Зборот – Тантра потекнува од зборовите „тан“ – експанзија и „тра“ – ослободување. Неколку поврзани индиски доктрини нѐ учат како да ја прошириме перцепцијата за себе и за универзумот преку сплотување со сѐ што нѐ опкружува. Секако и со сексот. Во тоа не постои цел, нема анксиозност која нѐ следи во сѐ што правиме, па и самиот сексуален чин, во кој актот на водењето љубов е сведен на консумација која можеби ќе нѐ одведе до оргазам, а сѐ почесто тој изостанува бидејќи во тоа нѐ попречува грчот наметнат од стремежот да го постигнеме фамозниот оргазам.

Заборавете на целта, заборавете и на оргазмот и уживајте во моментот кој претставува совршено единство со партнерот. На тој начин сексот се доживува како експанзија на свеста и ги соединува мажот, прикажан како хиндуистичкиот бог Шива и жената, претставена како божицата Шакти.

Во тантрата тоа е медитација, експресија  и интимност што нѐ води и нѐ учи дека тоа е единствен начин што ни овозможува да го продолжиме врвот на сексуалната екстаза и да доживееме неколку оргазми во еден ритуал, избегнувајќи го притисокот што неретко завршува само со една задоволена страна.

Според научните податоци, на еден просечен маж, за оргазам му се потребни 10-15 минути сексуален однос, додека кај жената за најсилното чувство се потребни околу 20 минути. Тоа ни кажува дека живееме во свет со огромен број сексуално незадоволни жени!

Во тантрата заборавете на оргазмот како задолжителна крајна цел и тој сосема сигурно ќе дојде многу помоќен, поинтензивен и подолг отколку што можете да замислите. Тантрата сексот го дефинира сосема поразлично. Таму нема почеток и нема крај, како еден вид  медитација.

После повеќе години водење љубов на традиционален начин, не е воопшто лесно да се одлучите и да тргнете по патот на тантрата. Но, таков начин на водење љубов може да се обезбеди постепено. Да се промени начинот на водење љубов е уметност, а не моментална појава.

Низ целиот воведен дел по патот на тантрата, запеметете дека целта е уживањето во сексот преку интензивна поврзаност со сопственото тело и повторно запознавање со телото на партнерот. Ако се оди до крајните граници, некои инструктори препорачуваат и посебно уредување на просторот за водење љубов, со цел да се заборави на секојдневието, на димензиите простор-време. Традицијата на тантрата става мошне голем акцент на самата подготовка за водење љубов.

Клучеви на тантричката љубов

  1. Гледање во очи

Очите се на вистина огледало на душата. Тие се моќен канал низ кој патува сексуалната енергија. Кога ни се отворени, знаеме каде сме и со кого сме, со други зборови, потполно сме присутни во моментот. Покрај тоа, кога гледаме во очите на партнерот, размената на сексуалната енергија станува повитална и подинамична. Но, ништо не треба да се форсира. Ако заради некоја причина не можете да го гледате партнерот во очи, нека ви бидат блиску лицата, завртени едно кон друго.

  1. Дишење

Дишењето е една од најважните компоненти, како во медитацијата, така и при водењето љубов. Најдобро е да се дише полека и длабоко. На почетокот е битно само да се обидете да го контролирате, колку да сте свесни за неговиот ритам. Зошто дишењето е толку важно? Тоа ни помага да се одвоиме од мислите, од секогаш ангажираниот ум и да бидеме присутни во моментот. Дишењето нѐ поврзува со нашата животна енергија. Ако во текот на сексот го следите дишењето, ќе забележите дека тоа, колку што сте поблиску до оргазмот станува поплитко и забрзано. Складноста на дишењето, вашето и на партнерот помага да се намали сексуалната напнатост и да се продолжи времето на водење љубов.

  1. Комуникација

Во текот на водењето љубов, зборувајте му на партнерот за сѐ она што чувствувате во телото. Кога меѓу партнерите чувствата се искажуваат на глас, се стекнува поголемо меѓусебно приближување и љубовта расте.

  1. Допир

Во текот на водењето љубов свесноста е важна во секој поглед, па така и при допирите. Кога го допирате партнерот, наместо на механичкото движење со рацете, бидете свесни за чувството што го имате во раката додека минувате преку кожата. Топлината, треперењата или влажноста на неговата кожа. Наместо веднаш да почнете да ги допирате деловите од телото на партнерот, за кои знаете дека ќе го возбудат, почнете суптилно, најпрвин допирајќи ја околината на ерогените зони.

  1. Опуштање

Еден од најважните чекори во тантрата е да научите да го опуштите телото и умот. Во текопт на водењето љубов патувајте низ сопственото тело и опуштете го секој мускул. Посебно внимавајте на вилицата бидејќи нејзината напнатост рефлексно доведува и до непотребно напнување на карличните зони. Но, внимание! Да го опуштите телото не значи да се успиете, тоа значи вниманието кон надворешниот свет да го свртите кон внатрешниот.

 

Подготви: Др. Тарот

 При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот