Тајните на успехот на хроно исхраната

0

Кога станува збор за диети, исхрана и нутриционизам, се поприсутен тренд е хроно исхраната.

Причината за популарноста и тајната на оваа исхрана се крие во тоа што може да конзумирате секаква храна, без ограничувања во калориите и количината, а истовремено и слабеете, се чувствувате подобро, го успорувате процесот на стареење, но и го продолжувате животниот век.

Хроно исхраната се практикува во Франција уште од 1986 година, а на нашите простори направи „бум “ изминатите неколку години.

Која е тајната на хроно исхраната?

Важно е да се напомене дека не станува збор за диета туку за начин односно програма според која треба да се храните – изјавува др. Драгослава Живков Шапоња, кардиолог и стручно лице во Ценатарот за хроно исхрана, „Dr. Gifing“.

Таа и самата го практикува овој начин на исхрана, а благодарение на нејзината стручност им помага на многу пациенти.

Центарот е основан во 2009та година и до сега низ оваа програма поминале повеќе од 60 000 пациенти.

„Гарантирам дека секој кој би сакал да постигне резултати, може да го направи тоа почитувајќи ги условите на оваа програма.“ – изјавува Др. Шапоња.

Основните правила на оваа исхрана кои мора да се почитуваат, вклучуваат секојдневен појадок, а разликата меѓу двата оброци не смее да е помала од 4 часа.

Појадокот мора да консумира најкасно до 10 часот, а во периодот помеѓу оброците, во организмот не смее да се внесе ништо друго освен вода. Комбинацијата на намирници е од пресудно значење.

Доручекот може да содрши јаглехидрати, протеини, масти… Единствено што треба да се избегнува е пченкарно брашно. Ручекот треба да содржи месо (богато со протеини), но да не се комбинира со јаглехидрати (леб, компир, ориз). Ако не можете да го замислите ручекот без нив, тогаш комбинирајте ги со зеленчук.

За вечера се препорачува мало количество на протеини, односно риба или бело месо, во комбинација со бел или зелен зеленчук, а многу ретко може да се консумира и сирење.
Време кога можете да консумирате слатки работи и овошје е помеѓу ручекот и вечерата.

„Најголемиот број на пациенти ја практикуваат хроно исхраната бидејќи сакаат да ги намалат вишокот килограми, но голем број од нив се соочуват и со болести и здравствени нарушувања. Важно е да се напомене дека хроно исхраната делува превентивно, дури и од болести“ – изјавува др. Шапоња. Таа исто така истакнува дека најдобри резултати се покажуваат кај лицата кои се соочуваат со пореметен метаболизам, масти и шеќери.

„Кај лицата кои доживеале шок или инфаркт, со помош на дополнителни суплементи, хроно исхраната успева да ја регулира рамнотежата во организмот.“ Вели докторката.

извор: luftika.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот