Тајни трикови што ги користат рестораните

0

“Би сакале ли да дојдете во барот на бесплатен пудинг?”

Координирано подолго задржување на луѓе кои што вечераат во расположена атмосфера во ресторан и не е некој подвиг. Но, што да правите ако групата многу бавно го пие последното кафе, а вие имате многумина кои веќе чекаат за вечера? Како да ги истерате без да се почувствуваат избрзани и недобродојдени?

Вервниот менаџер во ресторанскиот бизнис Габе Гарза ни ги откри триковите во овој тип на трговија и ни објасни како рестораните ги држат работите за да одат како „подмачкани“.

Гарза, партнер во ланецот „Чикаго ресторани“, објасни за весникот „Вол Стрит Журнал“ дека рестораните пресметуваат колку долго ќе останете уште и пред да пристигнете.

На пример, маса за четворица, е зафатена 15 минути повеќе отколку маса за двајца, иако главно и двете друштва го нарачале истото количество јадење и пиење. И рестораните се грижат за тоа.

Дотколку повеќе што со он-лајн резервациите, како „Отворена маса“ (OpenTable), рестораните можат да пресметаат колку време им е потребно да ги средат масите помеѓу две вечери.

Друг начин ресторанот да превенира луѓето премногу долго да безделничат на најдобрите маси е да ја сервираат масата многу побрзо од другите – па така не само што ќе го добиете најдоброто место, туку ќе морате да чекате и многу помалку за вашиот оброк. Тоа е вин-вин ситуација.

Одвоеното време може и да ви се исплати, бидејќи, како што открива Гарза, рестораните понекогаш ја преместуваат вечера во барот со дополнителни бесплатни пијалоци или пудинг, со намера да ја ослободат масата.

Но, сето ова е сторено на начин на кој гостинот не би требало да го открие: “Ние навистина сме концентрирани на тоа да бидеме способни да ја контролираме салата за време на вечерата без гостите тоа да го почувствуваат” објаснува Гарза.

Сопствениците на ресторани откриваат дека вечерите можат да бидат и не толку долги ако масите или местото се помалку удобни за гостите, што резултира со зголемување на заедничките маси и барските столици.

Персоналот исто така го оценува гостинот врз основа на првата пијачка што ќе ја нарача – ако земете шише вино за почеток, тоа е подобро отколку неколку рунди коктели, тоа сугерира дека нема да останете толку долго.

Друг трик е да не се дава пудингот во менито пред почеток на вечерата, туку единствено ако има потреба за тоа после вечерата.

„Можеби сето ова звучи како на рестораните да не им е гајле за задоволството за време на лежерниот оброк, но, ако тоа е важно за вас, секогаш има начин да се борите против системот: пробајте да вечерате подоцна или едноставно кажете уште на почетокот дека саката долга вечера. Ресторанот ќе разбере. Има гости кои уживаат во уметноста на добриот оброк и ние сакаме тоа да им го дадеме“, вели Габе Гарза.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот