Тајни на независните жени кои никогаш нема да ви ги кажат

0

Ако погледнете наоколу, ќе видите многу независни и успешни жени околу вас. Ќе ги препознаете по тоа што се храбри, паметни, насмеани и најчесто опкружени со многу луѓе. Но, сингл.

Работат интензивно на своите кариери, надоградувајќи се интелектуално, го трошат времето на своите пријатели, верувајќи дека целта во животот е да се биде среќен, па дури и сам. За нив бракот, не е институција која “мора“ да се случи. Тие веруваат во вистинска љубов, па доколку не им се случи, не се осудуваат на врски по “секоја цена“.

Постојат неколку работи кои би требало да ги знаете за нив, иако тие самите никогаш нема да ви ги кажат.

  1. Пријателите им се како семејство

Независните жени се вистински пријатели. За нив, пријателството е многу повеќе од обично излегување на кафе два пати во неделата. Нив може целосно да им се верува, бидејќи тие немаат ниту време ниту желба да се занимаваат со прераскажување на туѓите животни ситуации. Мажите кои ќе започнат врска со нив, мора да се подготвени и за прифаќање на нивните пријатели, бидејќи независната жена побрзо ќе се откаже од нова љубов, отколку од долгогодишното пријателство.

  1. Однесувањето во врска

Затоа што е сигурна во себе на работен план, не значи дека знае се за врските. Таа нема да има проблем со тоа да се јави прва, но би требало да и кажете дали го очекувате тоа од неа.

  1. Сакаат да се почувствуваат женствено

Тие на работа се независни и ја превземаат контролата, но во интимните врски се емотивни суштества кои посакуваат внимание и грижа како и сите други. Ако сте навикнати да ја гледате како ги решава проблемите “од нога“, тоа не значи дека таа жена нема потреба од некој друг да и помогне низ животните ситуации. Иако, никогаш нема да каже, убаво би било да се понудите да и помогнете. Отварањето врата и цвеќето како знак на внимание се само мал дел од работите кои може да ги направите за нив. Верувајте, тие повеќе ќе го ценат тоа отколку што можете да замислите.

  1. Сакаат да се забавуваат

Иако личат на снобови кои во секој момент размислуваат на работата, па дури и кога се излезени, овие жени сакаат забава. Можеби со нив нема да можете да одите во дискотека еднаш неделно и гледањата ќе ви се сведат на кратки вечерни излегувања (бидејќи е уморна и мора да стане рано наутро), но првата прилика кога ќе можат да си дозволат да останат до подоцна, тие ќе ја искористат максимално. А вие, ќе уживате опуштено во нивното друштво.

  1. Понекогаш посакуваат да не бидат толку силни

Од нив нема да чуете како се жалат за настинката со која се борат веќе две недели (а сепак тоа не ги спречува да работат), ниту пак како се почувствувале несреќно кога некоја бизнис зделка им пропаднала, но тоа не значи дека не сакаат да ги прашате како им е. На средбите со нив, тие никогаш нема да се пожалат за своите проблеми и во целост ќе ги ислушаат вашите, па дури и ќе се потрудат да ви помогнат. Не очекуваат од вас да се загрижите за нивните, но пријатно ќе се изненадат доколку покажете интерес.

  1. Во приватниот живот нема тактики

Ако е со вас, таа навистина е со вас. Можеби нема да ве опсипе со комплименти или изливи на емоции, но тоа не значи дека не е заинтересирана. Овие жени се премногу зафатени за да можат да си дозволат да губат време на смислување тактики со кои би го привлекле вашето внимание. Ако не одговори на повик, тоа значи дека во тој момент била навистина зафатена. Во случај да е лута, ќе ви каже. Ете, толку се едноставни. Вие треба само да им верувате.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.