Тајната на убавината е едноставна: „Бидете она што сте“- BOBBI BROWN

0

Bobbi Brown Cosmetics е глобален престижен бренд за убавина кој им овозможува на жените да ја прифатат и да ја подобрат својата индивидуална убавина. Основан во 1991 година од страна на мејкап артистот и претприемач за шминка, Bobbi Brown, брендот нуди универзални производи создадени со бескомпромисен квалитет и интуитивна смисла на она што го посакува секоја жена: да изгледа и да се чувствува природно, но поубава и посигурна.

Брендот започна со лансирање на линија од 10 кафеави кармини и една едноставна мисија: Да ја прослави, а да не ја покрие, индивидуалната убавина на жената.

Be Who You Аre филозофијата на BOBBI BROWN има за цел да им ја претстави на жените вистинската шминка, да им ја врати самодовербата, но и да им го пренесе знаењето што им е потребно за да изгледаат и да се чувствуваат најдобро.
Со нијанси, текстури и техники дизајнирани за жени од сите возрасти и етнички групи, овој бренд нуди инклузивна и зајакнувачка дефиниција на убавината. Едноставно: Бидете она што сте!

Денес Bobbi Brown Cosmetics е застапен во повеќе од 73 земји и 100 самостојни продавници. Козметиката, парфемите и производите за нега на кожа се омилени помеѓу светски популарни шминкери, популарни личности и дизајнери на стилови кои го ценат уникатниот пристап на брендот кон убавината и способноста да ги адаптираат најновите трендови во секојдневен природен изглед.

Bobbi Brown Cosmetics продолжува да расте на глобално ниво, но пораката на брендот останува иста каква што беше кога започна во 1991-та година: „Тајната на убавината е едноставна: Бидете она што сте.“ -BOBBI BROWN

 

Производите на BOBBI BROWN може да ги најдете само во парфимериите на Anabella.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.