Тајната на Шакира – како изгледа совршено на 39 години

0

Колумбиската пејачка можеби има 39 години, ама гледајќи ја, не би ѝ дале повеќе од 30.

Причината за ова е нејзината совршена кожа, а таа неодамна ја откри својата тајна.

Клучот на нејзината убавина е во природноста – таа признала дека користи многу малку козметички производи, ама дека клучот на виталноста е во витамините Ц и Е што ги купува во вид на капсули и ги пие, ама често пати ги купува и како ампули и ги нанесува на лицето.

Дел од нејзината дневна рутина е и кремата за сончање бидејќи лицето ѝ е подложно на сончеви дамки.

Значи, нема посебна тајна, само редовна грижа за себе со многу витамини.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.