Тајната на босанските ќебапи

0

Вкусните ќебапи ни останале како наследство од Отоманската империја која владеела на балканските простори цели пет века. Се смета дека ќебапот за првпат бил направен од ајдуците кои кога спиеле на отворено палеле оган за да се стоплат и правеле малечки форми ( за да има за сите ) од меленото месо и ги печеле на оган.

Ќебапите на Балканот станале ептен популарни дури кон средината на деветнаесеттиот век кога во поголемите градови се отвориле меани чиј специјалитет биле токму ќебапите.

Од земјите на Балканот, Босна и Херцеговина е лидер во производство на ќебапи, во нивно консумирање но, и во новната различност. Таму, има неколку вида на ќебапи, кои ги нарекуваат според областа каде се правата, па така Босанците разликуваат сараевски ќебап, травнички ќебап, бањалучки ќебап, тузлански ќебап… Се разбира, најпознати се сараевските ќебапи и токму поради нив Сараево стана гастрономската Мека за гурманите.

kjebapi (1)

Како што кажуваат сараевските жители, кај подготовката на ќебапите нема многу дилема, ниту компликации – трикот е многу едноставен сè што ви е потребно е само добро месо и смеса која треба да отстои една ноќ.

Сè што ви е потребно да подготвите сараевски ќебапи е:

1,5кг мелено јунешно месо

500гр јагнешко месо

4-5 чешниња лук

2 лажици сода бикарбона

Подготовката е многу едностава и искрено не е нешто што досега не сте го правеле. Исечканото месо потребно е добро да го посолите, измешајте го и прелијте го со 100мл вода заедно со белиот лук кој претходно ќе го исецкате. Целокупната смеса која ја добивте оставете ја една вечер да отстои во фрижидер. Наредното утро извадете ја смесата и ставете ја во мажината за мелење на месо, потребно е да ја измелите два пати. Пред да почнете со обликување на ќебапите треба да ја ставите содата и добро да ја промешате заедно со смесата. Од оваа смеса излегуваат околу педесетина ќебапи. На крај, направете си шопска салата и сипете си пијалак по ваша желба. Уживајте во сочниот оброк!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот