Таа има неверојатно тело… и еден фитнес совет!

0

Кајла Итсинес е популарна девојка на Инстаграм – ја нарекуваат жената со најубаво тело во светот. И секако, тоа повлекува важно прашање од другите жени – што треба да прават за тело како нејзиното.

Ако мислите дека Кајла вежба секој ден за да изгледа вака, се лажете. Таа на Инстаграм откри колку пати неделно вежба и зошто мисли дека жените не би требале да вежбаат секој ден…

„Често ме прашуваат колку пати неделно вежбам и по колку часа, па еве го одговорот: вежбам 28 минути, по 3-4 пати неделно. Го навикнав своето тело на ваков систем на вежбање. Вежбам вака од својата 19. година, а сега имам 25 години. Во теретана поминувам вкупно еден час, ама затоа што сакам да се загреам на почетокот и да се истегнам на крајот. Не си заминувам веднаш штом ќе одработам вежби што траат 28 минути. Пред секое вежбање се истегнувам и брзо одам 5 минути. Дури тогаш почнуваат моите 28 минути вежбање. Потоа се истегнувам додека да помине тој еден час,“ напиша таа на својот профил.

Значи, девојки, едноставно е – најдете свој ритам, и вежбајте 3-4 пати неделно до половина час.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар