Таа е повеќе од обична поп-ѕвезда: 20 лични прашања кои Ријана ги одговори без влакна на јазикот

0

Во интервју за Elle, Ријана одговори на 20 прашања поставени од страна на пријателите (Еминем, Тајра Бенкс, Фарел Вилијамс…) и нејзините обожаватели.

Некаде помеѓу појавувањето на нејзиниот прв хит, Pon de Replay во 2005та година и разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон во 2017та година за меѓународното образование, Ријана стана многу повеќе од само една поп-ѕвезда.

Се разбира, музиката е се уште најважниот елемент во нејзиниот живот, бидејќи таа само што го објави осмиот студиски албум Anti, а тој веќе се наоѓа на врвот на топ листите, а Форбс го прогласи за еден од најуспешните албуми на сите времиња.

Сепак, Ријана претставува повеќе од само добра музика: жена која може да стане што и да посака, ако се бори за тоа.Таа е бестрашна, не обрнува внимание на она што другите го мислат, без оглед на тоа дали се работи за нејзините смели модни избори на црвениот тепих или негативните коментари на социјалните мрежи во врска со нејзините килограми.

На сето тоа, таа одговори со сопствена линија на козметички производи.

Fenti Beautyколекцијата на Ријана,  беше лансирана со одличен медиумски поттик на 8 септември во сите продавници на Сефора, а содржи 91 продукт. Козметиката вклучува производи од сини рокерски кармини, до сјајни, свиленкасти производи за нега на кожата, а тука се и стикови за контурирање и хајлајтери во 40 различни нијанси.

“Најголемиот недостаток за целата оваа индустрија е тоа што навистина не успева да добие повеќе нијанси на пудра”, вели Ријана. “Лично, многу ми е важно никој да не се чувствува изоставено. Пудрата беше првото парче шминка што некогаш сум ја поседувала. Тоа беше како магија. Тогаш, всушност, се вљубив во шминката. “

Внимателно учествувала во креирањето на секој производ од моменталната линија. Била вклучена во изборот на имињата  (на пример, златниот хајлајтер го нарекла Trophy Wife) и мултифункционалното пакување, инспирирано од графити , кое е уникатно за секој производ.

“Има многу различни можности во врска со шминката”, вели таа, “кога почнав да ја креирам линијата за Fenty Beauty , сакав целата колекција да ме отсликува менеи да се направи на мој начин”.

Во прилог погледнете ги прашањата од 20те пријатели и фанови упатени кон Ријана и нејзините уникатни одговори:

Тајра Бенкс, модел: Бидејќи си успешна, постојано си опкружена со луѓе кои сакаат да ти угодат. Дали постои некој кој е секогаш искрен кон тебе?  Во мојот живот, на пример, тоа е мајка ми.
Ријана: Сите глумат… и се отпуштени!

Еминем, рапер: Не изгледаш како некој кој посветува внимание на трендовите во музиката, но сепак ги поставуваш. На што прво обрнуваш внимание кога почнуваш ќе снимаш нешто?
Ријана: Ретко кога знам точно што сакам, но секогаш знам како сакам да се чувствувам додека правам нешто. Чувството е секогаш најдобриот звук!

Виклеф Џин, рапер: Последен пат се сретнавме на Светското првенство. Ако би можела да бидеш фудбалер, кој би бил?
Ријана: Кристиано Роналдо. Но, од друга страна, пак, Бекам се омажи за една Спајс девојка.

Лаура Ким и Фернандо Гарсија, дизајнери: Кој е твоето највредно винтеџ парче?
Ријана: За дочекот на 2016та година го најдов  костимот од филмот „Танц во дождот“ од 1952 година.
Трики Стјуарт, продуцент: Се сеќаваш ли кога првпат се наежи кога публиката почна да ги пее стиховите на твоите песни во тек на некој настап?
Ријана: Да! Тоа беше на турнеја кога публиката ја пееше Take a bow, збор по збор … Во тој момент не можев да кажам ништо. Ја пееја целата песна.


Април Блумфилд, готвач: Што сакаш да готвиш за себе?
Ријана: Макарони пита, национално јадење од Барбадос, што е многу слично со вашите макарони со сирење.


Зек Позен, дизајнер:
Кој е твојот таен семеен рецепт?
Ријана: Па, тоа е тајната (смеа)! Но, можам да кажам дека тоа се стари рецепти од Гвајана.
Џеки Ајче, дизајнер на накит: Кој е твојот омилен дел од телото?
Ријана: Па, мојот омилен дел од телото е веројатно ист како кај повеќето жени. Тоа се рамената и клучните коски.


Чарли (XCX), пејачка:
Кои се твои омилени караоке песни?
Ријана: Bon Jovi – Livin on a Prayer; Journey – Don’t Stop Believin’; Brandy and Monica – The Boy is Mine.

Еве како изгледа тоа…

 

Даниела Стил, писателка: Ја сакам страста која ја имаш кон облеката, особено ја сакам колекцијата што ја работеше за Маноло Бланик. Колку всушност имаш влијание врз дизајнот на оваа линија?
Ријана: Тие навистина ми ја дадоа сета слобода што можев да ја замислам, но секако имав можност да работам со господинот Бланик лично, па неговото искуство ми е од огромна помош.

Кели Филдс, готвач: Твоите преференции во модата се протегаат во многу широк спектар – од наједноставни до најсложени, што е она што јас го правам за време на готвењето. Дали истото го правиш кога е во прашање храната ?
Ријана: Мислиш, KFC во авион не е нормален ?
Лаверн Кокс, актерка: Си имала многу моменти на црвениот тепих кои биле за паметење и секогаш си подготвена да ризикуваш. На пример за време на доделувањето на CFDA наградите во 2014та година, носеше фустан на Адам Селман. Што те охрабри да го облечеш?
Ријана: Почитувана Лаверн, сакав да ги искористам предностите на своите гради, додека не се опуштат. Ги видов моите можности и ги искористив.


Фарел Вилијамс, пејач: Ти навистина правиш многу работи. Дали секогаш си сонувала да ги правиш во толкав број? Или со тек на време си одлучила дека и тоа го сакаш, со оглед на тоа дека си добра во сè?
Ријана: Секогаш сум била сонувач … Да речеме дека секогаш сакав да имам отворени опции. Во мојот ум знаев дека пеењето е мојата судбина, но имам размислувано и за психологија, банкарство, глумење … Само што не знаев дека еден ден навистина ќе направам нешто од тие соништа.


Гери Рос, директор:
Што е првото нешто што го правиш кога одиш во Барбадос?Ријана: Chefette (ресторан за брза храна во Барбадос) и рум!

 

Дејвид Коперфилд, магионичар: Не се шегувам, ова е сериозна понуда: Можам да направам да исчезнеш и повторно да се појавиш било каде во светот. Каде би било тоа и зошто?
Ријана: Во времето десет минути пред да ја изгубам невиноста … и се надевам дека ќе го задржиш твоето ветување !

 

Емилио Vitolo, сопственик на ресторан во Њу Јорк:  Кое е твоето омилено италијанско јадење?
Ријана:  Pasta e fagioli.


А $ AP Роки, рапер:
Тупак, Боб Марли и Тим. Со кого би спиела, со кого би се омажила, и кого би убила од нив?
Ријана: Пекол. Па, ајде да го убијам Тим, да спијам со Тупак и да се омажам за Боб Марли.

Оливија Вајлд, актерка: Од кои грешки најмногу си научила?
Ријана: Не му давајте сирење на Џеј Браун пред лето.
Патриша Филд, стилист: Дали би отишла на пијалак некогаш со мене? Би сакала да те запознаам подобро. (Не ти се додворувам.)
Ријана: Кај мене или кај тебе?

Прашања во врска со колекцијата Fenty Beauty:

  1. Кога првпат си ставила кармин?
    Ријана: Карминот секогаш ми носеше неволји, уште кога бев девојче и тинејџер. Сега се обидувам да го направам карминот моето тајно оружје.
  2. Што е најлудото нешто што си го направила за убавина?
    Ријана:
    Корсет! Иако веројатно ќе го носам повторно. Би го носела секој ден, само да можам да излезам жива од него.
  3. Кога е во прашање шминката, што прави да се чувствуваш подготвено ?
    Ријана:
    Хајлајтер.  Обожавам хајлајтери, некако додаваат чувство на фантазија и го надополнуваат целиот изглед.
  4. Кој од познатите личности што си ги сретнала, мириса најубаво?
    Ријана:
    Инез и Винуд (фотографи). Инез мириса слатко, дури и ми го подари тој парфем, бидејќи ја прашав што користи.
  5. Чија фризура ти е најдобра?
    Ријана:
    Па, тоа звучи малку збунувачки, но тоа е некој меѓу Тони Бракстон кога имаше кратка коса, и Синди Крафорд.
  6. Кој е твој шминкерски идол?
    Ријана:
    Тоа е Верушка. Таа прави шминката да изгледа како свила.

 

Извор: elle.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот