Свежа, сјајна и здрава кожа со производите за интензивна хидратација од Clinique

0

Тоа што на кожата секогаш и треба е константна и интензивна хидратација. Благодарение на Clinique, летово Вашата кожа може да биде здрава, сјајна и што е најважно хидратизирана со Clinique Moisture Surge Sheertint Hydrator SPF 25 и Moisture Surge Eye 96-Hour Hydro-Filler Concentrate.

Clinique Moisture Surge Sheertint Hydrator SPF 25

Mimetic -Shade технологија со помош на липиди и пигменти која овозможува изглед на мека и хидратизирана кожа.

Секоја транспарентна нијанса овозможува покривност за повеќе тонови на кожа.

Исто така овозможува антиоксидантна заштита во текот на целиот ден од модерните агресори како UV зраците, загадувањето и нечистотијата во воздухот.

Наменета е за сите типови кожа, има 12 часовна долготрајност, лесна покривност и природен сјај.

Moisture Surge Eye 96-Hour Hydro-Filler Concentrate

Производ кој обезбедува 96 часовна хидратација. Станува збор за исклучително лесен воден гел кој моментално ја хидратизира чувствителната кожа околу очите. Конкретно, го навлажнува пределот околу очите со помош на привлечната моќ на самообновливата Lipid-Sphere технологија.

Веднаш по нанесувањето се добива чувство на затегнатост, кожата е мазна со свеж изглед. Очите изгледаат помладо благодарение на витаминот B3, пептидите и липидите, како и присуството на зелените алги.

Како се нанесува:

За моментално затегнување, концентратот се нанесува на врвот на прстите и нежно се натапкува околу очите.

За подготовка на кожата за шминка, од концентратот се нанесува во големина на зрно грашок на врвот на прстите, а потоа се протрива меѓу прстите за да се расчлени зрното. На крај, нежно се масира и веќе имате одлична подлога за шминка.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.