Светите Кирил и Методиј – Апостоли на Словените

0

На 24-ти мај во Македонија и во многу земји во светот се слават големите проповедници на Христовата наука на словенски јазик, просветители, учители, чудотворци, составувачи на глаголицата, преведувачи на Светото писмо и други книги.

Свети Кирил и Методиј се браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за создавање на глаголицата, првата азбука искористена за да се запише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата „Еднакви со Апостолите“. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници на Европа.

За животот и делото на Кирил и Методиј има огромна библиографија, напишани се над 10.000 студии, прилози и статии. Има голем број фрески и икони инспирирани од нив, а многу цркви и образовни институции го носат нивното име. Тие се патрони на Скопскиот универзитет. Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11-ти мај 1860 година во црквата „Света Богородица“ во Скопје.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот