Суперјахта од Ферари

0

Ферари ја стекна својата слава конструирајќи супер-автомобили, но по се изгледа дека одлично се снаоѓаат и во сегментот со суперјахти

Соработката помеѓу Ферари и тимот на Студио Зукон, доведе до создавањето на ова невероватно пловило. Целосното име на оваа јахтa e Custom Line 108 Vardar Superyach и мораме да признаеме дека крајниот резултат е воодушевувачки.

ferari

Со ова пловило, популарниот автомобилски бренд, отвара сосема ново поглавје, кое треба да ја подобри и да донесе права револуција во италијанската бродо-изградба.

Изгледот на оваа јахта е неверојатен. Ферари и Студио Зукон успеале да направат финален производ кој во исто време изгледа, застрашувачки, елегантно, луксузно и функционално. Притоа, Ферари успеал да пренесе дел од карактеристиките кои ги имаат нивните спортски автомобили, и на море. Па така оваа јахта го претставува на отворено море, истото она што го претставуваат автомобилите на Ферари на асфалт.

На палубата на бродот се наоѓаат душеци на кои можете да се сончате. На горното ниво се наоѓаат лежалки за сончање, а покрај терасат можете да влезете во мала кабина од каде имате пристап до остатокот од пловилото.

ferari 5

Ентериерот на оваа јахта е она што најмногу ќе ве имресионира. Огромната дневна соба е она прво што ќе ве пречека при влезот во оваа мега јахта. Минималистичкиот дизајн и дрвените детали, се она што го прават ентериерот идеален за релаксација на море. А димензиите на кабините за спиење, со сигурност ќе бидат доволни за вас и за вашите.

ferari 2

Јахтата ја покренуваат два MY 16V 2000 M94 мотори кои постигнуваат максимална брзина од 26 чворови. Со тоа и даваат на јахтата доволно брзина за крстарење а воедно не заборавајте дека ќе крстарите на отворено море во Ферари.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот