Superbrends: Димензија на универзална препознатливост

0

Superbrands како глобален авторитет во областа на брендингот ги додели признанијата за најсилните пазарни марки во Македонија за 2015 и 2016 година во среда. Oваа меѓународна организација во Македонија за прв пат ги круниса со знакот на Superbrands компаниите, организациите и личностите од Македонија во 2009 година и оттогаш цели кон истакнување на најзначајните карактеристики кои секој бренд треба да ги негува.

2

Компаниите, производите и лицата кои се прогласени за Superbrand се вивнаа во вселената и освоија нова димензија на универзална препознатливост. Тие сега се дел од најквалитетните, најоригиналните и најсигурните брендови во Македонија и светот. Тие се најпрепознатливи брендови затоа што ги исполнуваат најголемите светски корпоративни вредности. Со тоа што компаниите го носат знакот на Superbrand светските и домашните потрошувачи имаат повеќе доверба во нивните производи и услуги и тие можат полесно да освојуваат нови пазари.“ истакна Зоран Саздовски, одговорен за Superbrands Македонија.

На свеченото доделување на признанијата беше претставено и новото издание на Superbrands публикацијата во која секој бренд ја раскажува својата успешна приказна.

9

Саздовски додаде дека публикацијата нуди многу фасцинантни увиди во тоа како поединечни брендови настанале: често од скромни почетоци, до моќни брендови како што се денес. Сите добитници ќе можат да ја користат публикацијата во маркетинг цели, а истата ќе се достави до сите амбасади, конзулати и различни други претставништва. Над 156 претставништва на Македонија низ светот ќе можат да ги промовираат супербрендовите од Македонија.

Во Македонија има околу 15.000 имиња на фирми и производи. Околу 1.000 домашни и меѓународни брендови, распоредени во 28 категории, се наоѓаа на списокот на финалисти кој беше изготвен во соработка со водечките маркетиншки компании и агенции за испитување на пазарот. За најдобрите се гласаше врз основа на квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност. Во процес на одбирање, покрај стручното жири, учествуваа и потрошувачите.

Само најпрепознатливите и најдобрите го добија знакот на Superbrand. 7–ца, City Радио, Љубојна, Скопски Саем се само дел од оние кои го направија соѕвездието на Superbrands.

3

Најголемата ѕвезда која го доби признанието за Superbrand беше најдобриот македонски и интернационален ракометар, Кире Лазаров. Неговиот придонес за спортот во Македонија и пошироко не познава граници и со ова признание додатно се зацврстува спортскиот кредибилитет и авторитет на најдобриот македонски ракометар.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот