Супер финти за да станете одличен готвач

0

Секој може да биде вистински магионичар во кујната. Се разбира, за тоа треба одредено време на експериментирање, внимание и љубов, но и неколку супер финти од нашите баби и мајки со кои ќе се чувствувате како професионалец во кујната.

•Свежината на босилекот може да му ја продолжите, доколку го ставите во шолја со вода и тоа на собна температура.

•Тестенините варете ги две минути покусо од препишаното упатство, затоа што откако ќе им го додадете врелиот сос, тие додатно ќе омекнат.

e6000127-a94e-43da-9f1b-01a082231471

•Наместо да го ставите зеленчукот директно во вода, прво пропржете го малку со масло или со путер на тивок оган. Вака ќе добиете супа, чорба или гарнир со нагласен вкус.

•За да добите што повеќе сок од лимонот, портокалот или друг агрум, пред цедење, тријте го плодот под дланката една минута.

•Миризбата на лук „налепена“ на прстите брзо ќе ја отстраните, доколку ги триете рацете со лажица ацетон, 30-тина секунди под млаз вода.

•Кога подготвувате пире, откако ќе го исцедите компирот вратете го во жешкиот лонец, тргнете го од рингла и оставете го да се исуши во топлиот сад, барем уште некоја минута. Потоа, при пасирањето додавајте млеко и вода ќе добиете кадифена текстура.

•За подобри резултати при подготовка на колачи, торта или други слатки, пред да ги употребите јајцата и путерот оставете ги еден час на собна температура.

•За да ја задржи белата боја, карфиолот гответе го во вода во која ќе додадете малку млеко и сол.

•Кога при пржењето ќе ви снема масло во тавата, новата количина додајте ја по ќошевите и полека лизгајте го кон средишниот дел од тавата. Додека дојде до состојките што се во средината, маслото веќе ќе биде заграно.

•Наместо да фрлате во тавата мали парчиња од храната за да проверите дали маслото е загреано, ставете дрвена лажица. Кога ќе се појават меурчиња, тогаш маслото е погодно за пржење.

dbdf4ad3-1b16-455e-8014-f0a56520927a

•Кога пржите нешто во сад со повеќе зејтин, парчето храна држете го на виљушка потонато во маслото, пред целосно да го спуштите во тавата. Вака ќе спречите парчето месо, зеленчук или што и да е, да се залепи на тавата, затоа што прво малку ќе се запржи и ќе создаде кора.

•Интегралниот ориз се вари значително поспоро од белиот, некои видови дури и до 45 минути. Но, доколку го оставите оризот да „преноќи“ во вода (до 9 часа), времето на варење ќе се преполови. Овој трик можете да го пробате и со тестенините, потоа тие ќе бидат готови за 1 до 2 минути.

•При сечкање на зеленчук на даската ставете малку сол. Така зеленчукот нема да се лизга и полесно ќе го исечкате.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.