Супа од млад кромид и брокула за 20 минути

0

Кога е топло времето, луѓето и немаат некоја посебна желба за тешки јадења. Затоа, доколку и вие спаѓате во нив, тогаш следниот рецепт е идеален за ручек.

Ивона Христов во рубриката “Ајде да готвиме” ви подготви:

Супа од млад кромид и брокула кој ќе биде готова за само 20 минути.

Потребни состојки:

-млад кромид

-брокула

-павлака

-копар

13480270_10210380519857183_2071329668_n

Подготовка:

Младиот кромид се запржува на малку масло, се додава врела вода и брокулата. Се остава на оган додека не се свари брокулата.

Времето на варење зависи од тоа дали користите свежа или замрзната брокула. Ако е замрзната, во тој случај се намалува времето на варење, бидејќи истата е полуготова.

Штом сето тоа ќе биде сварено, се блендира, се додаваат зачини(сол, бибер, мешан зачин) и на крај се послужува со изматена павлака и копар одозгора, кој совршено одговара на комбинацијата павлака и брокула.

Се сервира со препечени лепчиња намачкани со павлака во комбинација со сланина.

Пријатно јадење!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.