Супа богата со витамини со која ќе намалите 2 килограма за 10 дена

0

Постои причина зошто цвеклото е едно од најздравите продукти во светот.
Нискокалорично, богато со железо и одлично за анемични луѓе. Содржи протеини, заситува и дава енергија. Цвеклото содржи фолна киселина, како и витамин Б1, Б2 и Б6.

За оние кои сакаат да изгубат телесна тежина на здрав начин, супата од цвекло е одличен избор. Ќе изгубите 2 килограми за само 10 дена. Во тој временски период, потребно е овој оброк да биде во вашето мени секој ден.

Потребни состојки:
– 500 мл вода
– 400 мл пилешка супа
– 2 парчиња цвекло со средна големина
– 2 мали лажички јаболков оцет
– 1 мала лажичка кисела павлака
– малку сол
– копар
– Неколку капки лимон

Подготовка:
1. Излупете го цвекло, измијте го и исечете го на помали парчиња. Потоа ставете го во сад со вода, сол да се вари. Варете ја репката околу 25 минути или додека не омекне, т.е. додека не можете лесно да поминете низ нож низ неа.

2. Загрејте ја пилешката супа. Ставете го во неа вареното цвекло, јаболков оцет и копар, и со помош на миксер или блендер, претворете ги сите состојки во кашеста супа.

3. На крајот, додајте малку лимон и кисела павлака во супата.
* Препорачаното времетраење на диетата со цвекло е 10 дена. После тоа, направете кратка пауза од бар една недела. За време на диетата, важно е да внесувате минимум 2 литри вода, не вклучувајќи ги останатите течности што ги внесувате вообичаено во организмот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.