Суд: Можеби некому нешто треба да му простите

0

На картата 20, на небото е претставен лик со златна труба под кого се нацртани три голи човечки фигури, од кои едната излегува од гроб. Тие ќе бидат повикани да пристапат во нова, досега непозната димензија на свеста. Тука за првпат, човечката фигура, онаа што излегува од гробот, е свртена кон изворот на светлина. Во Тарот, Судот го наговестува почетокот на новиот поредок. Централната фигура, очигледно е нашиот јунак. Се враќа како зрел човек, мошне поразлична од моментот кога го започна патувањето. Се случи смрт на старото его и негово воскреснување во нов облик. Кога последен пат го сретнавме момчето, тоа вртоглаво паѓаше од кулата. Во следните три карти (Ѕвезда, Месечина и Сонце) никаде го немаше, а сега се појавува да им се придружи на останатите две фигури.

Порака: Оваа карта повикува на самоанализа. Ако сте свесни за сопствените грешки и ако ги анализирате, би можеле да доживеете преобразба. Можеби некому нешто треба да му простите. Бидете искрени кон себе. Симболиката на воскресението на оваа карта, отвара можност за втора шанса во животот.

Подготови: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.