Стресот на работа му штети на срцето

0

Стресната и напорна работа е поврзана со поголем ризик за срцев удар, покажуваат истражувањата на научниците од Харвард собрани од 22,000 испитаници, во 10-годишното следење на жените на возраст од 57 години. Откако биле земени предвид факторите како што се возраста, етничкото потекло и приходите, научниците пресметале дека испитаничките изложени на најголем стрес имале 38% поголем ризик за потешкотии со здравјето на срцето.

0_42-33816314

Кај нив ризикот за срцев удар бил 70% поголем отколку кај останатите учесници во истражувањето. Дополнителен ризик постоел кај оние испитанички кои имале потешка и поодговорна работа, како на пример докторките или менаџерките.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар