Страшната судбина на жените од Индија

0

Во Индија со векови постоел обичај на погребната церемонија на мажот да се спали и неговата вдовица. Тие верувале дека на тој начин жената се жртвува и дека останува чесна жена.

Но, во далечната 1829 година во Индија со закон е забрането да се спалуваат вдовиците. До тој ден и тие биле ставани со мажот на кладата што горела. Ни денес нивната судбина не е многу полесна – кога ќе почине нивниот маж, неговото семејство ги протерува од дома, ги исфрла на улица. Тие веруваат дека жените вдовици се проклети.

На почетокот вдовиците не морале да се жртвуваат заедно со мажот, но со текот на времето тоа почнало да се цени како чин на љубов и доверба. На жените што решавале да се жртвуваат се гледало како на локални божества.

Подоцна жените биле присилени на ваква жртва, бидејќи се сметало дека е недостоинствено ако не го направат тоа.

Кога умирал некој махараџа, со него биле спалувани и сите негови жени и конкубини. Притоа, тие биле врзувани за кладата или дрогирани за да не се обидат да побегнат. Имало бројни случаи кога жените во последен миг сакале да се спасат, ама тој чин се сметал за нечесен, па тие биле тепани со бамбусови стапови пред да ги запалат заедно со покојникот.

22__1481719024_77-29-141-210

Овој нечовечки чин го забраниле Британците во 1829 година, па иако било против законот, во бројни провинции жените биле и понатаму спалувани на клада. Дури и во 2009 година е забележан таков случај кога вдовицата била запалена со својот маж.

Од индиските жени се очекува да го оплакуваат мажот до крајот на животот. Па иако не ги палат, во денешно време ги бркаат од дома, со образложение дека се проколнати и дека тие се причината за смртта на мажот во куќата.

Кога ќе станат вдовици, овие жени го соблекуваат сарито во боја и носат исклучиво бело сари. Ако, пак, живеат во некоја поконзервативна средина, им ги бричат и главите. Ги губат сите права и не живеат, туку „преживуваат“. Ги сметаат за „баксузи“ со кои веќе никој не разговара.

Државата се грижи за нив и им овозможува приходи од 5 долари месечно, но тоа е премалку за да преживеат, посебно што во државата не постои заштита и грижа за стари лица. Некои од нив ги згрижуваат хуманитарни организации, но повеќето немаат излез, освен да го поминат остатокот од животот на улица. А тоа, и не е живот!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.