СТОП за дискриминација СТОП за нееднакво третирање! Сите сме исти

0

Во секое општество има одредени групи заради историски или други причини се слаби и чувствителни и заради тоа бараат посебна заштита за да можат еднакво и ефиктивно да ги уживаат, практикуваат и заштитуваат нивните основни права и слободи.

Во овие групи спаѓаат: жени, деца, постари луѓе, сексуални малцинства, религиозни или јазични малцинства, лица заболени од специфични болести, жртви на насилство, лица со хендикеп, лица во затворени инстотуции (затвори и психијатриски болници), лица кои заради различни конфликти, политики на влади или економски проблеми се раселени од нивните места на живеење.

Многу често овие групи се предмет на негативни предрасуди и дискриминација.  Исто така тие се изложени на зачестено насилство од различен тип кое најчесто останува неоткриено или неказнето.

Генерално, женитa е позиционирана како чувствителна категорија поради нејзината понеповолна економска и социјална положба, како и од културните фактори и традицијата на конкретната заедница кои ја спречуваат во еднаквото уживање на правата како и мажот.

Дали жените наместо прсти имаат сунѓерчиња на рацете па тие „мораат“ да знаат готват, да мијат садови. Кој ги дели работите на машки и женски? И жените можат да бидат пожарникари, рудари и жените можат да сменат сијалица дома или гума на автомобилот. 

„Подготвена да одговорам на вашитот повик – Веќе 5 години возам такси, како би другите кажале, работам типично машка работа. Меѓутоа за да ги прехранам моите деца ништо не ми е тешко, иако наидував на отпор. Најмногу ми сметаа коментарите на моите колеги и најблиски за тоа како нема да успеам затоа што сум женско. Како и да е, им докажав на сите дека единствената разлика што е помеѓу жените и мажите е тоа што мажите ги прават децата а жените ги раѓаат“- Милица.

„Полицајка сум и наидував на отпор уште во моментот на селекција за конкурс. Неспорните биолошки и физички разлики многу често се искористуваат како изговор и оправдување на помалото присуство на жените во редовните полициски сили. Вториот проблем со кој се сретнав беше сексуалното вознемирување од страна на мажите-полицајци. Цело време создаваа атмосфера на закана, непријателство и понижување“- Николина

                                    ДРУЖЕЊЕ – ДИСКРИМИНАЦИЈА = ЕДНАКВОСТ

Децата имаат потреба од посебна заштита и се зависни од помошта на возрасните, посебно во раните години од детството. Наместо да се разбуди сочувство и разбирање во пошироката средина, кон децата со инвалидитет се јавуат непримерни реакции.  Не разбирање и страв од непознато создаваат стереотипи, кои некогаш прераснуваат во безобразност.

Немилата случка што се деси на аеродромот, кога супервизорот, лекарот и менаџерката на летот не сакаа да не пушат да влеземе во авион. Имам син од 11 години кој има аутизам, оваа за нив беше доволна причина да не не пуштат затоа што проценија дека тој би можел да плаче и со тоа да ги вознемири сите во авионот. Летот трае половина час“ –Никола

„Моето дете има аутизам. Едно попладне се играше надвор и доби напад и почна да плаче на тротоарот. Моите соседи немаа разбирање и толеранција. Веднаш повикаа полиција поради нарушување на јавниот ред и мир и центарот за социјална работа бидејќи сум била неодговорна мајка“- Маја

Да кажеме заедно стоп на дискриминација! СТОП за нееднакво третирање! Сите сме исти. Сите имаме исти права и слбоди. Стоп за игнорирање на суштинските проблеми, СТОП за стереотипи.

Подготви: Марија Алексиќ

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот