Што вели мажот кога жената ќе му каже дека го остава за друг

0

Кога жената со куферот в рака ќе застане пред вратата и ќе му каже на сопругот дека го остава за друг, еве како реагираат мажите:

Атеист: Не верувам.

Будист: Само да си ти среќна.

Агностик: Зошто да немаш двајца?

Мелахноличен: Ќе се убијам.

Колеричен: Ќе те убијам.

Апатичен: Па добро…

Песимист: Е, знаев!

Оптимист: Земи си клуч, за секој случај.

Реалист: Тоа е мој куфер.

Наивен: А кога се враќаш?

Скептик: Дали си сигурна?

Романтичен: Ама јас те сакам!

Филозоф: Зошто баш денес?

Правник: Ова скапо ќе те чини!

Банкар: Тоа ќе ме чини многу.

Бизнисмен: Колку заработува?

Либерал: Конечно сум слободен!

Еколог: Оди со велосипед!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот